Осигурување
ДВОЈНА ОСИГУРЕНА СУМА – Затоа што сигурноста на Вашите најблиски е наша основна цел


Осигурувањето на живот е современ начин на обезбедување сигурност за Вас и Вашите најблиски. Интегрираноста на осигурителната и штедната компонента е тоа што го разликува осигурувањето на живот од другите финансиски производи. Практично, при самото склучување на договорот, осигурителната компанија Ви гарантира исплата на осигурена сума во случај на смрт, или пак исплата на сума за доживување, во вид на поврат на вложени средства, по истекот на осигурителниот период.
Триглав Осигурување Живот АД Скопје водејќи се од својата основна цел, да биде Ваш прав партнер кога е најтешко, овозможи двојна осигурена сума во случај на смрт од болест, или несреќен случај, со истовремено целосно осигурително покритие во случај на смрт и во пандемија.
Уникатноста на ТРИГЛАВ полисата за осигурување на живот се состои токму во бројните осигурителни можности кои се својствени единствено за оваа полиса.
Имајќи во предвид дека осигурувањето на живот е долгорочна одлука, а низ годините се соочуваме со многу неизвесности, оваа полиса имајте ја како хартија од вредност која ќе обезбеди Вашите најблиски да се финансиски обезбедени во најтешките животни моменти.
Дали ги знаевте сите предности на Триглав полисата за осигурување на живот?
- Осигурување и заштеда – Уникатен финансиски производ каде покрај осигурување во целокупното траење Вие добивате гарантирана исплата на сума на вложените средства на истек на полисата.
- Сигурност на вашето семејство – Со ова осигурување Вие се грижите за финансиската сигурност на своите најмили, дури и ако случи она најлошото за Вас. Со вклучување на дополнителни осигурувања го зголемувате своето осигурително покритие и финансиската сигурност на семејството.
- Осигурени 23 тешки болести – дополнително осигурување кое може да го одберете опфаќа финансиска заштита од 23 тешки болести и повреди за осигуреникот, со истовремено осигурително покритие за 20 тешки болести и повреди за децата на осигуреникот кои се на возраст од 3 – 18 години.
- Нов член во семејството – Осигуреничките кои во текот на траење на осигурувањето ќе станат мајки, добиваат исплата на аванс за новороденче во износ од 10% од осигурената сума, а максимум до 300 евра.
- Второ медицинско мислење – Триглав Осигурување Живот Ви обезбедува можност за бесплатно второ медицинско мислење од високо реномирани здравствени установи.
- Сигурна инвестиција – Осигурителниот износ кој ќе Ви го исплатиме по истек на полисата Ви е однапред познат и загарантиран;
- Финансиска сигурност – Ваша и заштита на Вашето семејство во случај на незгода и болести кои може да доведат до инвалидитет, работна неспособност или смрт, со што влијаете да не се случат неочекуваните финансиски издатоци и дополнително оптеретување на семејниот буџет.
- Долгорочна заштеда – постепено го создавате капиталот за идно време кога Вашите приходи во пензионери денови ќе се намалат или трошоците ќе се зголемат со создавање на сопствено семејство ( школување на деца, купување на живеалиште, автомобил…итн.)
- Финансиска помош – во облик на аванс по полисата од страна на Триглав Осигурување Живот Скопје.
- Инструмент за гаранција – Триглав полисата за осигурување на живот може да ја заложите или винкулирате при земање на кредит во Банка.
За повеќе информации, 📞 02 5102-201 или на: ponuda@triglavzivot.mk.
Триглав Осигурување – Живот, за живот со насмевка
Осигурување
Земјоделци и фармери за три месеци во осигурување вложија 2 милиони евра


Вкупно 600 индивидуални земјоделци и фармери и уште педесетина аграрни компании за првите три месеци годинава ги осигурале своите посеви, плодови и животни. Наскоро земјоделското осигурување ќе стане задолжително со закон и заради тоа неговото учество во осигурителниот пазар значајно ќе се зголеми. Целта на оваа реформа е преку зголемување на масовноста значајно да се намали цената на осигурувањето, а истовремено со акумулација на средствата на осигурениците-земјоделци да се создадат големи фондови од кои ќе се исплаќаат штети кои може да ги предизвикаат временските непогоди и особено актуелните климатски промени. (more…)
Осигурување
Триглав Осигурување Живот со уникатна можност за своите осигуреници, членство на Сторнест услугата со секоја полиса!


Триглав Осигурување Живот го склучи првиот договор за соработка со финансиска институција во земјава со компанијата Сторнест со цел подобрување на квалитетот на услугите и овозможување на придобивка пoвеќе за своите клиенти. Со овој склучен Договор, сите досегашни и идни осигуреници на Триглав Осигурување Живот ќе добијат унифициран пристап до своја сметка – чувар на податоци на сите хартии од вредности кои ги поседуваат, без надоместок. (more…)
Осигурување
Осигуреници вложија над 40 милиони евра, осигурителниот пазар порасна 10%


Осигурувањето имот останува најголема доброволна осигурителна класа од сите неживотни осигурувања. Приватното здравствено осигурување за прв пат досега е втора по обем класа доброволно осигурување. Најголем раст на вложувањата, од дури 180% има кај осигурувањето кредити. Продажбата на патничкото осигурување, по укинување на анти – ковид рестрикциите порасна 80%. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје