Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Анализи

Две третини од Македонците користат платежна картичка најмалку еднаш неделно

Објавено

на

Мастеркард ги објави резултатите од MasterIndex истражувањето за финансиските потреби и навики на активните сопственици на картички во Северна Македонија. Оваа студија нагласува дека земјава е пазар со доминантно дебитно плаќање – 93.7% од испитаниците поседуваат дебитна картичка, додека 22% од испитаниците имаат и дебитна и кредитна картичка. Само кредитни картички имаат 28% од испитаниците.

Ако се споредат податоците со оние од Србија и Бугарија, се забележува дека сѐ поголем број потрошувачи од овие две земји се расположени да ги користат поволностите што ги даваат картичките при пазарење отколку во Македонија. Во Србија околу 80 отсто од испитаниците се изјасниле дека поседуваат дебитна картичка, додека во Бугарија тој процент е уште повисок и изнесува 98%. Во однос на кредитните картички, Бугарија и Србија се прилично израмнети. Односно, по 40% од испитаниците во двете држави се изјасниле дека поседуваат кредитна картичка.

Податоците покажуваат дека сопствениците на картички сè подобро ги усогласуваат различните финансиски производи со сопствените потреби. Освен тоа, MasterIndex истражувањето покажа дека 71% од испитаниците ја користеле картичката најмалку еднаш неделно. Односно, 70% од Македонците користат дебитните картички најмалку еднаш неделно, што е знак дека платежните картички имаат стабилна улога во секојдневното пазарење.

Во Србија, исто така, околу 70% од испитаниците ја користеле картичката најмалку еднаш неделно, додека во Бугарија – 80% од испитаниците. Во двете земји се наведуваат слични причини за користење на картичките, како што се безбедноста во секојдневните плаќања, едноставноста и практичноста.

Од готовина до безготовинско плаќање

Резултатите од MasterIndex илустративно ја покажуваат употребата на картички во секојдневните комерцијални активности и дека дебитните картички најчесто се користат за купување храна (58%), облека (20%), плаќање месечни сметки и бензин (по 15%). Кредитните картички, најчесто се користат за купување мебел и домашни апарати (31% од испитаниците), за храна (30%), за облека (17%) и за плаќање на месечните сметки (16 проценти од испитаниците).

Истражувањето укажува на промена во преферираниот начин на плаќање во зависност од платениот износ. Имено, 55.1% од граѓаните на Северна Македонија, сè уште, претпочитаат готовина за износи до 750 денари, додека 25.7% користат картички. Картичката е прв избор за речиси половина испитаници (49.5%) при плаќање износи над 750 денари, но подеднакво висок е и процентот на испитаници кои преферираат готовина – 43.4%.

Се зголемува безконтактното плаќање 

Бесконтактните можности за плаќање, сè уште, не се многу раширени со оглед на тоа дека 1 од 2 сопственици на картичка нема или не користи бесконтактна картичка. Но, според 72% од оние кои ја користат можноста, доминантна мотивација е тоа што бесконтакните плаќања се побрзи и попогодни од плаќање со готовина и редовната картичка. Според 27% од испитаниците, оваа можност најчесто се користи во супермаркетите, а значително поретко во локалните продавници (10%), услужните дејности како ресторани и кафетерии (9%) и продавници за облека (8% ).

Вања Манова, менаџер за Бугарија, Северна Македонија, Албанија и Косово истакна дека оваа промена е одличен доказ за важноста на моментот што електронските плаќања го имаат на локалниот пазар и дека тоа е резултат на тестирањето од страна на потрошувачите и почитувањето на безбедноста, брзината и предноста која картичките ја нудат во секојдневните активности.

Погодноста да се помине или само да се допре вашата платежна картичка, наместо постојано да трчате на банкомат или да морате да го пресметате точниот износ, е прилично очигледна. Сепак, најголемиот бенефит е имањето детална листа на сите расходи. Оваа рамнотежа го олеснува одредувањето на буџетот, што е многу тешко да се направи со кеш. Дополнително, електронските плаќања покажуваат транспарентност на финансиските текови во земјата и помагаат да се намали нивото на сива економија“, вели Манова.

Истражувањето на MasterIndex ги покажа и причините како сопствениците на картички избираат картичка или банка во Северна Македонија. Имено, широката мрежа банкомати (42.4%) и филијали (27.9%), ниските каматни стапки и бесплатни услуги (26.9%), како и добрата репутација и препознатливост на брендот на банката (22.8%) имаат најголемо влијание при изборот на картичката и банката. Сепак, најдобрата карактеристика на картичките, според корисниците, е можноста за брзо плаќање (30.3%) и практичноста (28.9%) на картичките во олеснување при извршување на секојдневните активности.

Дигитална промена

Времето на дигиталните можности кај финансиските услуги помалку срамежливо, но сигурно стигна и во Македонија, што се забележува преку интересот на испитаниците за онлајн трговијата.

Околу 36% од испитаниците се изјасниле дека еднаш неделно купуваат, односно плаќаат преку интернет, додека 52% не ги користат можностите за онлајн пазарење. Онлајн купувачите за плаќање преку интернет најчесто користат дебитни картички (74%) а 25% од испитаниците се изјасниле дека плаќаат во готово по испорака на производот. Кредитните картички и можноста за електронско плаќање се користат од 1 на 10 онлајн купувачи или помалку. Истражувањето покажува дека 57% од онлајн купувачите купуваат облека или чевли преку интернет, 30% купуваат електроника, додека речиси 1 од 5 испитаници плаќа месечно и други сметки или купува авионски билети.

Анализи

Оглас за вработување во Централна кооперативна банка

Објавено

на

Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД има потреба од вработување на Соработници за клиентска услуга. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Што се негативни каматни стапки и какви се последиците од нив?

Објавено

на

Европската централна банка не само што веќе подолг период ги одржува негативните каматни стапки познати и како казнени камати, туку наскоро планира и нивно дополнително намалување. Какви ќе бидат последиците? Ова се најважните прашања во врска со негативните каматни стапки.

Што се негативни или казнени каматни стапки?

Примената на казнените каматни стапки започна од средината на јуни 2014 година, кога на комерцијалните банки им беше наложено дека треба да платат камата кога депонираат вишок пари во Европската централна банка (ЕЦБ). Во моментов оваа камата изнесува 0,4 процентни поени.

Зошто ЕЦБ го стимулира ова?

Со оваа мерка банките треба да се стимулираат да издаваат повеќе кредити, наместо да го ограничуваат протокот на пари со тоа што вишокот пари ги депонираат во ЕЦБ. Ова треба да ги поттикне инвестициите и потрошувачката во еврозоната, што пак треба да го поттикне растот и инфлацијата.

Факти: Економскиот раст во еврозоната ја губи важноста. Бруто домашниот производ порасна за само 0,2 процентни поени во последниот квартал. Во исто време, стапката на инфлација се оддалечува од целта на нешто помалку од 2 процентни поени, што ЕЦБ смета дека е ниво што обезбедува ценовна стабилност. Инфлацијата беше 1,1 процент во јули, најниска од февруари 2018 година.

Колку тоа ги чини комерцијалните банки?

Според пресметките на Федералното здружение на германски банки, банките во еврозоната моментално треба да плаќаат повеќе од 600 милиони евра месечно поради негативните каматни стапки за вишок ликвидност кои ги наметна ЕЦБ. Пребројувајќи на годишно ниво, тоа изнесува околу 7,5 милијарди евра. Германските банки кои традиционално имаат вишок депозити од клиентите, се особено погодени од казнената камата на ЕЦБ. Според тоа, тие носат околу една третина од негативните депозити во еврозоната.

Какви понатамошни последици имаат негативните каматни стапки врз комерцијалните банки?

На банките и штедилниците веќе долго време им се советува да издаваат повеќе кредити отколку да прибираат пари во вид на депозити од штедачите. Но, изобилство на вишок пари од е историја: ЕЦБ ги намали каматните стапки на рекордно ниско ниво, разурнувајќи ги приходите од камати во банкарската индустрија.

Проблемите на банкарската индустрија станаа многу поголеми со негативните каматни стапки. Тие веќе страдаат од жестоката конкуренција и од економски пад. Покрај тоа, дигитализацијата сама по себе наметнува високи регулаторни трошоци и скапа инвестиција. Традиционалните банки со своите филијали и подружници, исто така, се борат со конкурентите и со финтек предизвикувачите.

На што треба да обрнат внимание инвеститорите за време на казнената камата и какви последици имаат казнените каматни стапки за штедачите?

Банките и штедилницте ги пренесуваат негативните каматни стапки на компаниите, големите инвеститори како што се инвестициските фондови и на богатите приватни клиенти. Според студијата спроведена од biallo.de, 30 институции во Германија наплаќаат т.н. чувар на имот за приватни клиенти, за износи до 100.000 евра. За повеќето, оваа провизија е 0,4 процентни поени. Но, поголемото мнозинство купувачи се заштитени од негативните каматни стапки.

Дали наскоро од овие мерки на ЕЦБ ќе бидат погодени и обичните штедачи?

Во моментов обичните штедачи не се погодени од овие мерки на ЕЦБ и нема изгледи дека во блиска иднина тоа би се променило, бидејќи доколку тоа се случи клиентите ќе се насочат кон алтернативни производи. „Не верувам дека ќе добиеме негативни стапки од сите страни“, вели Херман-Јозеф Тенхаген, извршен директор на Finanztip во интервју за n-tv.de. „Првата штедилница или банка што ќе го стори тоа ќе добие толку многу вишок пари што ќе треба да платат провизија кон ЕЦБ што ќе биде двојно поголема а, можеби и повеќе”. – додаде Тенхаген.

Дали комерцијалните банки можат на друг начин да ги пренесат трошоците?

Можат, а некои веројатно и ќе се обидат. Колку подолго трае негативната каматна стапка, толку е поголема веројатноста институциите да ги зголемуваат таксите и провизиите. Зголемувањето на каматните стапки е постојана тема во банкарската индустрија.

„Вие не можете да ги ловите каматните стапки само со намалување на трошоците“, рече извршниот директор на Дојче Банк, Кристијан Севинг, на Ханделсблат кон средината на јули – кратко време по објавувањето на планот за наплата што вклучува отказ за илјадници работни места. „Не можам да замислам дека банките кои во моментов нудат бесплатна сметка дека тоа истото ќе го сторат и со каматните стапки во следните неколку години“. Доколку тоа се случи, тоа ќе биде пораз за банкарската индустрија” – додаде Севинг.

Дали  на повидок се гледа крајот на е казнената каматна стапка?

Не, баш напротив. ЕЦБ неодамна предложи сегашната казнена каматна стапка од 0,4 проценти дополнително да се зголеми.

Пораст на каматните стапки на кои се надеваа штедачите засега нема да има, но добра околност е што може дополнително да се намалуваат каматните стапки на кредитите.

Продолжи со читање

Анализи

КУРСНА ЛИСТА

Објавено

на

ОФИЦИЈАЛНА КУРСНА ЛИСТА НА НАРОДНА БАНКА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА


КУРСНА ЛИСТА НА БАНКИТЕ

 

БАНКА
Курсна Листа
Комерцијална банка АД Скопје
– Курсна Листа –
НЛБ Банка АД Скопје
– Курсна Листа –
Стопанска банка АД – Скопје
– Курсна Листа –
Халкбанк АД Скопје
– Курсна Листа –
Охридска банка Сосиете Женерал
– Курсна Листа –
Шпаркасе Банка Македонија
– Курсна Листа –
УНИБанка АД Скопје
– Курсна Листа –
Стопанска банка а.д. Битола
– Курсна Листа –
ПроКредит Банка АД Скопје
– Курсна Листа –
Капитал Банка АД Скопје
– Курсна Листа –
Централна кооперативна банка АД Скопје
– Курсна Листа –
Еуростандард банка АД Скопје
– Курсна Листа –
ТТК Банка АД Скопје
– Курсна Листа –
Силк Роуд Банка АД Скопје
– Курсна Листа –
Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange