Странски банки
Две земји имаа најдобар почеток на годината


Економијата во еврозоната порасна во јануари со исто слабо темпо како и во претходниот месец, одржувајќи постојан слаб прилив на нови нарачки, покажува месечниот извештај на лондонски „Markit”.
Индексот на менаџери за набавки (PMI) во јануари бил непроменет во однос на декември и изнесувал 50,9 поени, пресметале во лондонската компанија за собирање и обработка на економски податоци.
„Економијата не забрза и покрај некои позитивни индикатори. Услужниот сектор повторно порасна, додека најлошиот период во индустријата се чини дека заврши и се чини дека се движи кон стабилизација“, изјави асистентот на директорот на „Markit”, Ендру Харкер.
Услужниот сектор повторно беше главен столб на растот, иако активностите малку забавиле. Индустријата повторно забелажала пад, но најблаг за пет месеци.
Слаба стапка на раст го одразува задушениот прилив на нови нарачки, нагласуваат во Markit, издвојувајќи сепак знаци на стабилизација во производниот сектор, вклучително и странската побарувачка.
Меѓу водечките економии во еврозоната опфатени со истражувањето на почетокот на годината бил добар за Франција и Германија, каде активностите се зголемиле веќе втор месец по ред, а се зголемил и приливот на нови нарачки.
Во остатокот од еврозоната, активностите пораснале со најслабо темпо за шест и пол години, сигнализирајќи скоро застој на деловни активности надвор од Германија и Франција.
Во „Markit”, сепак, укажуваат на оптимизам на деловните службеници, кои во јануари го достигнале највисокото ниво за повеќе од една година, поттикнати од верувањето во индустријата дека најлошиот период на пад на активностите поминал.
Странски банки
ЕЦБ: Не се очекува стагфлација во еврозоната


Европска централна банка (ЕЦБ) соопшти дека малку е веројатно да има стагфлација во еврозоната. (more…)
Странски банки
Дојче банк укинува готовина на шалтерите!?


Во повеќето филијали на германскиот банкарски гигант „Deutsche bank”, готовината веќе нема да биде достапна на шалтерите. (more…)
Странски банки
Светска банка предупредува дека економската криза може да се влоши


Светската банка во својот извештај „Глобални економски перспективи” отворено предупредува дека остриот економски пад ќе биде норма за многу земји, бидејќи проекциите за глобалниот економски раст се намалени. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје