Connect with us

Странски банки

Дванаесет менаџери на Дојче банк заработија 55,6 милиони евра

Објавено

на

Финансиските резултати за претходната година покажаа дека германскиот банкарски гигант, Дојче банк повторно оствари профит по три години негативни резултати, а највлијателните 12 менаџери во џебот инкасираа 55,6 милиони евра, главно поради високите бонуси.

Во исто време, банката планира да ги намали трошоците и да отпушти вработени.

“Во 2019 година нашата цел не е само да ги скратиме трошоците, туку и да се фокусираме да ги одведеме нашите инвестиции во раст”, изјави Кристијан Шивинг, генералниот директор на Дојче банк, кој годишно заработува 7 милиони евра.

За позитивните деловни резултати, управата исплати високи бонуси и речиси двојно ги зголеми платите.

Гарт Ричи, инвестициски банкар, минатата година стана најдобро платен банкар на Дојче банк. Поранешниот рагби играч заработи 8,6 милиони евра во 2018 година, а една година претходно, неговата плата изнесуваше 3,2 милиони евра. Во моментов, како шеф на подготовката на банката за Брексит, тој заработува 250.000 евра месечно, пишува Дојче Веле.

За првпат по 2014 година, Дојче банк повторно оствари профит од 1,3 милијарди евра.

“Нашето враќање кон профитабилноста покажува дека Дојче банк е на вистинскиот пат и дека треба да го направиме следниот чекор. Во 2019 година, главен фокус ќе биде нашите инвестиции да ги одведеме во раст, покрај долгорочната стратегија за кратење на трошоците”, велат од УО на Банката.

Управниот одбор, исто така, објави дека планира да ги намали трошоците за 21,8 милијарди евра, додека до крајот на 2019 година, бројот на вработените е планира да се намали под 90.000. Минатата година, во Дојче банк биле вработени 91.700 банкари.

Криптовалути

Централната банка на Русија со предлог целосно да се забрани издавање и употреба на криптовалути

Објавено

на

Централната банка на Русија предложи целосна забрана за издавање, „рударење“ и тргување со криптовалути во Русија, пренесува руски „Комерсант“. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Централните банки во светот забрзано се префрлаат од доларот кон златото

Објавено

на

Централните банки во целиот свет забрзано ги зголемуваат резервите на злато кои ги имаат и кои минатата година достигнаа максимум во последните 31 година. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

2021 година ќе биде рекордна во однос на профитите за американсите банки!?

Објавено

на

Најголемите банки на „WallStreet” наскоро треба да пријават рекордни профити во 2021 година, благодарение на високите приноси во секторот на инвестициското банкарство и помалите од очекуваните загуби од кредитите. (more…)

Продолжи со читање

Популарно