Connect with us

Лични финансии

Да работите за себе или да работите за плата: Како да донесете правилна одлука?

Објавено

на

На крстопат сте? Треба да го донесете вистинското решение за себе – да се држите цврсто за оваа работа што ја работите во моментот или да создадете свој бизнис? 

Многу луѓе веруваат дека со лаптоп во рака и вишок од амбиции можат да ја напуштат работата и да започнат сопствен бизнис. Ова важи уште повеќе за т.н. “дигитални номади” кои се расфрлаат со претприемачки дух, цитати по темата и великодушни совети како да бидеме успешни во бизнисот, без да имаат освоено денар со свој сопствен труд.

Вистината е дека да се преживее како претприемач или како успешен фрилансер хонорарно не е нешто толку блескаво
како што изгледа на прв поглед. Има луѓе кои едноставно не ги бидува за оваа работа!

Како сопственик на бизнис треба да сте не само извор на идеи, не само да мислите за некои шеми, треба да бидете продавач, сметководител, шеф и еден куп други работи. Дали сте подготвени за сето ова? И покрај лошата слика која штотуку ја нацртавме, неспорно е дека денес живееме во свет на можности и тоа е одлично. Секој може да се обиде!

Ако сте љубопитни дали создавањето на сопствен бизнис е нешто што сакате да го правите или не, пројдете некои прашања и одговори за самопроценка за да дознаете по кој пат да тргнете – оној на плата или оној на претприемништво.

Иницијатива е да ги правиш вистинските нешта без да ти се кажува!” – Виктор Иго. Па затоа, што и да одберете, БИДЕТЕ ИНИЦИЈАТИВНИ.

Лични финансии

Генерали Инвестментс советува: Поголема претпазливост кај акциите од технолошкиот сектор, бидејќи приносите на овие акции уште се над просекот од почетокот на годината

Објавено

на

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Големо финале на Smart Money Talks: Совети за управување со личните финансии

Објавено

на

Успешното управување со личните финансии како и разбирањето на основните финансиски концепти се важни вештини за сите млади. Токму овие и многу други теми се во фокусот на проектот за финансиска писменост на млади кој го спроведува организацијата Глобал Шејперс Скопје Хаб. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Генерали Инвестментс советува: Препорачуваме диверзифицирана распределба на средствата во портфолиото во различни класи помеѓу акции, обврзници или пари

Објавено

на

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите. (more…)

Продолжи со читање

Популарно