Connect with us

Колумни

Да го спасиме пензискиот фонд или да штедиме?

Објавено

на

Сегашниот сооднос на бројот на пензионери со бројот на вработени сигнализира дека натамошното функционирање на пензискиот систем, кој се темели на принципот на генерациска солидарност, односно со исплата на пензиите од придонесот што го уплаќаат вработени, полека станува неодржлив, алармираат економистите, велејќи дека секоја година на Фондот му недостигаат сѐ повеќе пари за да исплати пензии и поради тоа мора да бидат префрлени од буџетот на државата.

Од институтот за економски истражувања и политики „Фајненс тинк“ велат дека дефицитот во пензискиот систем во Македонија има тренд на пораст и во 2016 година достигнал 26,6 милијарди денари, или 43% од вкупните расходи на Фондот, или 4,5% од БДП, додека трансферите од централниот буџет се зголемија за 1,8 пати за период од десет години.

Меѓународниот монетарен фонд, во извештајот за 2017 година, тврди дека зголемениот буџетски дефицит во изминатите години делумно се должи и на големиот пораст на пензиите и ја наметнува потребата од пензиска реформа, за фискална и пензиска консолидација.

Веќе некое време се поставува прашањето дали Фондот ќе биде во можност да исплати пензии за 10 години од сега. Според горенаведените информации, сите сега вработени треба да изнајдат соодветен начин за штедење, кој ќе им овозможи подобри пензионерски денови. Начини на кои можете да штедите и се најбезбедни се: девизна сметка во некоја банка, приватно пензиско осигурување или животно осигурување.

 

Колумни

Што се даночни раеви и како големите корпорации ги користат?

Објавено

на

Даночните приходи ја одржуваат цивилизацијата во живот. Но, не сите даночни обврзници играат според истиот пакет на правила. Со помош на адвокати, сметководители и разни професионалци, богатите и добро поврзани лица избегнуваат да плаќаат трилиони долари данок. Останатите ја покриваме разликата – вложувајќи ги нашите пари за изградба на патишта, училишта итн. Даночните раеви го овозможуваат сето тоа. Според некои проценки, околу 10 проценти од вкупното производство на сите економии во светот е сместено во офшор финансиски центри, кои ги држат “школки” компании кои постојат само на хартија. Трошоците за државите, во загубен приход, се проценува дека надминуваат 800 милијарди долари годишно. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Користење на технологијата за напредок

Објавено

на

Технологијата оди со огромни чекори напред. Постојано знаеме да кажеме или прочитаме дека истата ќе ни ги земе работните места. Да, вистина е технологијата можеби ќе замени голем дел од нашата физичкa работа, но тоа во иднина ќе ни овозможи да се фокусираме на работи кои што не можат да се автоматизираат. Тоа е начинот на размислување и визијата која што мора да не води напред. Ако немаме визија и ако не започнеме да вложуваме во себе промените ќе не водат нас, наместо ние да ги водиме нив. Затоа влогот во себе е влог во иднината. Доколку сакаме спремни да ја дочекаме иднината мораме да се посветиме на учење, а не само на генерално подобрување во одредени области. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Фискален стимул за заздравување, забрзан економски раст и фискална консолидација

Објавено

на

Минатата недела се одржа првата заедничка научна конференција на Министерството за финансии и Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). (more…)

Продолжи со читање



Популарно