Connect with us

Домашни банки

„Да ги слушнеме и гушнеме“ – кампања на Халкбанк која потсетува на вистинските вредности во животот

Објавено

на

Кога последен пат сме ги посетиле родителите, бабата и дедото? Кога последен пат сме ги прашале како се, сме ги гушнале или сме им кажале дека ги сакаме? Кога последен пат сме ги прашале дали им треба некаква помош? Кога сме ги прашале за совет? Или, пак, на наша иницијатива, сме направиле некаков убав гест за да се чувствуваат вредни и горди за нивните животни достигнувања?

Семејството е главниот столб во општеството. Нашиот живот почнува со семејството, како растеме и се развиваме тоа е секогаш до нас, грижејќи се и бодрејќи нé за сите наши избори, успеси, но и стоејќи блиску до нас при сите наши падови.

Родителите заедно со бабите и дедовците постојано се трудат да го подобрат квалитетот на живот на децата и на младите. Да овозможат школување, патувања, едукации, да помогнат во развојот во градењето на одговорна индивидуа со вистински вредности, верувања, емпатија, хуманост. Семејството е она парче од сложувалката наречена живот, без чии што дел таа не би била целосна.

Возрасните лица се вистинскиот пример за безусловна љубов, за поттик, за доверба. Но, младите луѓе најчесто поради брзиот, динамичен живот што го водат неретко забораваат дека нивните родители, нивните баби и дедовци имаат потреба од грижа, од убав разговор и најважно, од поминување убави заеднички мигови што ќе им го исполнат срцето. Сè што бараат е мало внимание, мало потсетување за нивното значење за семејството кое го создавале и граделе со години. Време е да им посветиме малку повеќе внимание на бабите и дедовците, на нашите возрасни родители што нé израснале. Благодарение на нивната љубов ние сме тоа што сме денеска, изградени и емпатични индивидуи на кои што семејството им е главниот приоритет.

Токму затоа, Халкбанк како општествено одговорна компанија за која како што кажува и самиот слоган – Важни се луѓето, постојано покренува иницијативи и организира акции за подигање на свеста за потребата од позитивна промена во заедницата. Еден таков пример е и кампањата „Да ги слушнеме и гушнеме“, наменета за повозрасните лица.

Во рамките на кампањата која што има за цел да ја подигне свеста за вредноста и искуството кое го имаат повозрасните генерации и поттикнување на нивно ширење и споделување со помладите генерации со цел негување на вистинските вредности, Банката во периодот што следува ќе спроведе различни активности кои што ќе бидат детално разработени и објавени на официјалната веб страница на овој проект: www.dagislushnemeigushneme.mk. На тој начин Банката ќе испрати силна порака, заеднички, да им ги стоплиме срцата и душите на повозрасните генерации, почесто да ги гледаме, да ги слушнеме и гушнеме, затоа што љубовта од родителите, бабите и дедовците кон децата и внуците, е една од најсилните и моќен двигател и во убавите и во помалку убавите животни околности.

Домашни банки

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка нема да работат на 24 мај 2023 година

Објавено

на

Филијалите и експозитурите на Комерцијална банка АД Скопје нема да работат на 24 мај (среда) 2023 година заради празнување на Св. Кирил и Методиј. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Силните резултати на ПроКредит Групацијата во Q1 ги нагласуваат среднорочните позитивни перспективи

Објавено

на

  • Резултатот од 29,5 милиони ЕУР соодветствува на солиден Поврат на капитал (RoE) од 13,3% и, според тоа, е во согласност со среднорочните насоки на групацијата;
  • Добриот развој на нето каматната маржа до 3,4% и умерениот трошок на ризикот од 12 основни поени се клучни фактори за резултатите;
  • ПроКредит Банка Украина има умерен придонес кон резултатот на групацијата, демонстрирајќи ја својата структурна сила без оглед на проблематичното опкружување; ПК без Украина е на добро ниво од 11,6%;
  • Kоефициентот на трошочна ефикасност, усогласен за непериодичните ефекти е на ниво од 57,0% и, според тоа, 2,5 процентни поени под нивото од претходната година;
  • Растот на депозитите изнесува 0,6%; кредитното портфолио бележи мал пад од 0,8%, со дополнителни подобрувања на квалитетот на портфолиото;
  • Континуиран фокус на зелени кредити; тековниот удел од 20,2% во вкупното кредитно портфолио е зацртано да расте до 25% среднорочно;
  • Коефициентот на редовен основен капитал на ниво 1 (CET1) изнесува 14,1%; значајното зголемување од 0,7 пп во Q1 е поттикнато од натамошниот раст на ефикасноста на активата пондерирана според ризикот (RWA)

(more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Како најдобро да се подготвите за патување?

Објавено

на

Подготовката за патување може да биде возбудлива, но и прилично напорна активност. За да се обезбеди непречено и пријатно патување, од клучно значење е сè да се испланира и подготви однапред. Од истражување на дестинацијата и пакување, до обезбедување патни документи и организација, пожелно е што подобро да се подготвите за вашата претстојна авантура. (more…)

Продолжи со читање

Популарно