Депозити
Данскиот експеримент дава резултати – „Заштедувате, но истовремено и инвестирате“

Најновата анкета меѓу банките во Данска покажува дека до 1 јануари 2020 година во оваа земја се отворени нешто повеќе од 50.000 инвестициски штедни книшки.
Новите бројки на „Finance Denmark” покажуваат дека до 1 јануари 2020 година се создадени приближно 50.000 акционерски штедни сметки. Тоа е двојно зголемување во однос на мај 2019 година кога имало приближно 25.000 акционерски штедни сметки.
„Новите бројки покажуваат дека се поголем број Данци ги разбираат поволностите кои можат да ги добијат со инвестирање преку акционерска штедна сметка. Акционерските штедни сметки го олеснуваат пристапот, а притоа го прават и попривлечно и подостапно инвестирањето во акции, бидејќи инвеститорот не мора да води евиденција на билансот на успех и да ја контролира својата даночна пријава, бидејќи сето тоа го прави банката. Покрај тоа, данокот е понизок кога се инвестира преку акционерска штедна сметка отколку во согласност со општите правила за инвестирање на берза“, вели Биргит Согард Холм, директор за инвестициско штедење во Данска.
Во исто време, „Finance Denmark” посочува дека акционерските штедни сметки помагаат во промовирање на инвестициска култура, создавање раст и дава гаранција дека инфлацијата не ја уништува заштедата.
„Многу е позитивно тоа што горната граница на депозитите сега е подигната на 100.000 дански круни. Се надеваме дека тоа ќе допринесе за понатамошно зголемување на бројот на акционерски штедни сметки отворени во 2020 година, и тие да надминат 900 милијарди”, додаде Биргит Согард Холм.
Слични инвестициски понуди се воведени и во другите скандинавски земји како начин за борба против негативните каматни стапки што ги прават класичните заштеди непривлечни и неатрактивни.
Во Македонија веќе одмна се нудат вакви понуди како животно осигурување поврзано со инвестирање или популарно наречено „Unit Linked” производи. Македонците се запознати со овој начин на штедење и инвестирање, но колку од македонците го применуваат?
Депозити
НЛБ Банка со нови промотивни депозити со атрактивни каматни стапки

НЛБ Банка промотивно воведува нова, атрактивна понуда за штедење, СУПЕР депозити со фиксни каматни стапки до 3,5% за депозити во денари и до 2,5% за депозити во евра, со рок на орочување до 36 месеци. (more…)
Депозити
Стопанска банка а.д. Битола со нов денарски депозит – 4,1% ФИКСНА каматна стапка!

Стопанска банка а.д. Битола со најконкурентна депозитна понуда на пазарот. Промотивниот денарски депозит со фиксна каматна стапка 4,1% за орочување на средства на период од 36 месеци е моментално најатрактивен производ кој може да го изберат сите постоечки и нови клиенти на Банката. (more…)
Депозити
ПРОМОТИВЕН АВАНСЕН ДЕПОЗИТ ОД ПРОКРЕДИТ БАНКА – Орочи ги твоите заштеди и земи ја каматата уште истиот ден

Еден од темелите врз кои ПроКредит Банка ја гради својата успешна приказна е постојаната заложба за промоција на култура на штедење, која е целосно инкорпорирана во моделот на одговорно банкарство кое банката посветено го практикува. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје