Connect with us

Странски банки

Данската национална банка изложена на напад на СоларВиндс

Објавено

на

Данската национална банка беше нападната минатата година во глобалната хакерска операција „СоларВиндс” и ја остави „задната врата” на својата мрежа отворена седум месеци, објави денеска „Верзија 2″, повикувајќи се на документи поврзани со случајот.

Хакерите, кого САД ги обвинуваат за соработка со руските тајни служби, биле невообичаено софистицирани и го модифицирале кодот во софтверот за одржување на мрежата „СоларВиндс”, штособори дури 18.000 корисници низ целата земја.
Потоа хакерите можеа да го користат „СоларВиндс” за да влезат во мрежата на одредени институции и да овозможат подоцнежен континуиран пристап.

Централната банка, која управува со трансакции од неколку милијарди долари секој ден, одговори дека „нема знаци дека нападот имал реални последици”.

„Нападот врз СоларВиндс ја погоди и финансиската инфраструктура во Данска. Релевантните системи се зачувани и анализирани веднаш штом се дозна за пробивот”, се наведува во соопштението.

Руската влада негира вмешаност во нападот со кој беа погодени компании и институции ширум светот, вклучително и девет федерални агенции на САД.

Претседател на „Мајкрософт”, кој го опиша нападот како „најголемиот и најсофистицираниот што светот некогаш го видел”, минатата недела рече дека е откриен нов чекор во рамки на истрагата против хакерите на „СоларВиндс”.

Странски банки

„Fitch” го намали кредитниот рејтинг на „Credit Suisse”

Објавено

на

„Credit Suisse” доби намалување на кредитниот рејтинг од реномираната компанија за кредитен рејтинг „Fitch”. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

ЕИБ ќе обезбеди насочена поддршка за регионалните економии за справување со негативните ефекти од актуелната криза

Објавено

на

Во соработка со Народната банка на Северна Македонија, Европската инвестициска банка (ЕИБ) ја коорганизираше 8. меѓународна истражувачка конференција на тема Јакнење во време на криза: улогата на политикитепо повод 30 години монетарна самостојност на државата. Настанот се занимаваше со актуелните предизвици несигурност што произлегува од прилагодувањата на политиките по пандемијата и политичкиот одговор потребен за справување со зголемените стокови и енергетски шокови предизвикани од војната во Украина. Тој ја илустрираше засилената соработка на ЕИБ со нејзините партнери во Северна Македонија и постојаната поддршка што банката ја дава за економската стабилност на земјата и процесот на интеграција во ЕУ повеќе од 40 години. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Светска банка: Војната предизвикува најголема економска штета во Источна Европа и Азија

Објавено

на

Светската банка ја намали прогнозата за глобалниот економски раст поради војната во Украина. (more…)

Продолжи со читање


Популарно