Connect with us

Анализи

ДАНОЧЕН СИСТЕМ: Ако ги снема богатите, ќе патат сиромашните!

Објавено

на

Една малку подолга “приказна” која што се однесува на прогресивниот данок. Доколку имате 2-3 минути добро би било да ја прочитате…

Да претпоставиме дека секој ден 10 мажи одат на пиво и на крај заедничката сметка им излегува 100 долари. Ако ја плаќаат сметката според начинот на кој ги плаќаат даноците, тогаш тоа ќе изгледа нешто вака:

– првите четворица (најсиромашните) нема ништо да платат;

– петиот ќе плати 1 долари;

– шестиот ќе плати 3 долари;

– седмиот ќе плати 7 долари;

– осмиот ќе плати 12 долари;

– деветиот ќе плати 18 долари;

– десетиот (најбогатиот) ќе плати 59 долари.

Сите десетемина се сложиле токму така и да ја плаќаат сметката. Секој ден се среќавале на пиво и сите биле среќни со договорот, сè додека еден ден сопственикот не ги исфрлил од баланс. “Бидејќи сте ми добри муштерии, ќе ја намалам вашата секојдневна сметка за пиво за 20 долари,” им порачал докторот.

Сега пивото за десетмината чинело 80 долари. Групата сè уште сакала да ја плаќа сметката како што ги плаќа даноците, па првите четворица останале на исто. Тие и понатаму ќе пијат бесплатно. Меѓутоа што се случува со останатите шестмина, како тие ќе го поделат попустот од 20 долари, за секој да добие “фер” дел?

Тие сфатиле дека 20 долари поделено на 6 е еднакво на 3,33 долари. Меѓутоа ако тоа се одземе од уделот во сметката на секој од групата, тогаш петиот и шестиот на крај ќе добиваат пари за тоа што пијат пиво. Затоа, сопственикот на барот предложил дека би било фер ако сметката на секој од нив се намали за отприлика иста сума, и пресметал колку на крај секој од нив би требало да плати.

Оттука, резултатот бил следниот:

– првите четворица (како и досега), но и петтиот сега ништо не плаќале (100% заштеда);

– шестиот сега плаќал 2 долари наместо 3 (33% заштеда);

– седмиот сега плаќал 5 наместо 7 долари (28% заштеда);

– осмиот сега плаќал 9 наместо 12 долари (25% заштеда);

– деветиот сега плаќал 14 наместо 18 долари (22% заштеда);

– десетиот сега плаќал 49 наместо 59 долари (16% заштеда).

Сите шестмина сега плаќале помалку од претходно, а првите четворица продолжиле да пијат бесплатно. Меѓутоа, кога излегле од ресторанот, мажите почнале да споредуваат колку заштедиле.

“Јас добив само долар од 20-те, но тој доби 10 долари,” изјавил шестиот, покажувајќи кон десетиот.

“Да, токму така. И јас заштедив само долар. Не е фер што тој доби 10 пати повеќе од мене,” изјавил петиот.

“Точно, зошто нему да му вратат 10 долари, кога јас добив само два? Богатите ги добиваат најголемите олеснувања,” се приклучил седмиот.

“Чекајте малку, ние ништо не добивме, системот ги искористува сиромашните,” едногласно се развикале првите четворица. Деветемина одеднаш го опколиле десетиот и го истепале.

Следната вечер десетиот не се појавил на пијачка, па деветмината седнале и се напиле пиво без него. Меѓутоа кога дошло време да ја платат сметката, откриле нешто важно, деветмината заедно немале доволно пари да платат ниту половина од сметката.

И токму тоа, е начинот на кој функционира даночниот систем. Луѓето кои ги плаќаат највисоките даноци, имаат најголема “заработувачка” од даночните олеснувања. Ако ги оданочувате премногу и ги напаѓате за тоа што се богати, тие едноставно ќе решат повеќе да не доаѓаат. И ќе почнат да пијат некаде на друго место, каде што атмосферата е многу попријателска.

Дејвид Р. Камерчен

Професор по економија од Универзитет во Џорџија

Анализи

Мобилниот паричник од иднината пристигна во секојдневието

Објавено

на

Патувањето низ времето сѐ уште не е измислено, но тоа што многумина од нас го гледаа во класичните Sci-Fi филмови во детството, полека станува реалност во секојдневието. Кога станува збор за плаќањето, иднината пристигна и ние веќе живееме во реалност во која имаме виртуелен паричник. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Половина од светското население живее со помалку од 5,5 долари на ден

Објавено

на

„Светскиот економски напредок овозможи намалување на бројот на луѓе кои живеат во крајна сиромаштија, но речиси половина од жителите на планетата, или 3,4 милијарди луѓе и понатаму тешко ги задоволуваат своите елементарни потреби“ стои во соопштението на Светска Банка. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

НБРМ: Каматната стапка на благајничките записи останува непроменета на нивото од 2,75%

Објавено

на

На 9 oктомври 2018 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ, на којашто беа разгледани состојбите во домашната економија, движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange