Connect with us

Останато

Даниела Арсовска е прв македонски претставник во Светската комора од 1919 година

Објавено

на

Генералниот совет на светската коморска федерација (World Chamber Federation) со седиште во Париз го објави назначувањето на Данела Арсовска во раководството.

Своето прво обраќање Арсовска го имаше на денешната седница што се одржа во Дубаи, со што во раководството на највисоките позиции од 1919 година од 12.0000 комори од целиот свет таа е прв претставник од Република Македонија.

Арсовска ќе го заземе местото на еден од 20-те члена на Генералниот совет кои ќе раководат со Федерацијата, каде што другите членови ги претставуваат САД, Кина, Велика Британија, Русија, Турција, Индија, Иран, Израел, Италија, Германија, Франција, Канада, Бразил, Германија, Австрија.

Од Сојузот на стопанските комори велат дека назначувањето во највисокото тело на Светската коморска федерација значи позиционирање на Македонија како центар на Западен Балкан за влез на нови инвестиции во земјата и регионот, сигурни партнерства за домашните стопанственици, со цел зголемување на извозот и информации од прва рака за светските економски случувања.

„Се гордеам лично и професионално на овој голем успех за Македонија и дека по 100 години постоење на Светската федерација од 12.000 комори, прв пат во раководството на највисоките позиции доаѓа лице од Македонија, но и единствен претставник на Западен Балкан. Назначувањето на функцијата во Генералниот совет е круна на заложбите за интернационализација, кои ги промовиравме во изминатите години. Местото што го заслуживме треба максимално да го искористиме за јакнење на нашата економската позиција, за привлекување инвестиции во нашата земја, но и за отворање на пазарите за нашите компании за кои е предизвик да пласираат на глобалниот пазар. Пред нас е шансата што треба да се искористи, сигурна сум дека заедно ќе постигнеме многу за развојот на меѓународната трговија врз основа на принципите на слободна и фер конкуренција“, изјави Арсовска во Дубаи на првата седница на новата позиција.

Светската коморска федерација како единствен глобален форум што ги обединува стопанските комори од целиот свет дејствува на зајакнување на врските меѓу коморите, но го претставува и гласот на бизнис-заедницата во најрелевантните светски организации, како Организацијата на Обединети нации, Г20, Светската трговска организација, како и Европската банка за обнова и развој.

Советот на Светската коморска федерација со седиште во Париз секоја година организира глобален настан на друг континент. Минатата година почна со реализација на стратешките цели во Кина, а годинава глобалната агенда ја објави во Дубаи.

Останато

Grouper.mk прогласен за Најдобар Сајт за 2018 година во Македонија

Објавено

на

На доделувањето на наградите на манифестацијата „Сајт на годината“, која се одржа изминатава недела традиционално деветта година по ред, Grouper.mk беше избран за Најдобар Сајт за 2018 година во Република Македонија од страна на гласачите и комисијата. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

4 најважни блокчејн трендови за 2019 година

Објавено

на

Додека 2019 година е веднаш зад аголот, дојде време да се размислува за настаните од 2018 година, но уште поважно, да се разгледа она што следната година може да го донесе. Блокчејн технологијата ќе донесе уште многу изненадувања.  (more…)

Продолжи со читање

Останато

Национална конференција: Граѓаните воопшто не се запознаени со мерките за вработување

Објавено

на

Во 2018 и 2019 година во однос на 2017 година е намален износот на средства што се издвојуваат за спроведување на активните програми и мерки за вработување, односно за 44% или 437 милиони денари, рече програмскиот координатор Дарко Антиќ од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените ЕСЕ на денешната национална конференција „Дали и колку граѓаните чувствуваат бенефит од спроведувањето на активните мерки, програми и услуги за вработување“. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange