Connect with us

Интервјуа

Дамјановиќ: Зголемената информираност за финансискиот сектор носи подобри бизнис одлуки

Објавено

на

Ѓраѓаните и клиентите неопходно е да ги имаат на располагање сите релевантни информации од финансискиот сектор на едно место со цел да добијат квалитетен приказ на состојбите што ќе води кон подобро носење на инвестициски и бизнис одлуки.

Даринка Дамјановиќ извршен директор на Централен депозитар на хартии од вредност даде поддршка токму на кампањата која ја иницираше Банкарство.мк за зголемена информираност на клиентите и корисниците, како и на зголемување на компетитивноста во банкарскиот и финансискиот сектор.

„Во време на зголемување на важноста на пристап до навремени и точни информации од конкретна област, за инвеститорите е важно да се потпрат на еден квалитетен медиум кој на едно место централизира информации од финансискиот сектор. Банкарство.мк прераснува во едно такво место каде информациите се навремени, лесно достапни и добро организирани. Од друга страна свесноста за едукација на јавноста за финансискиот сектор е од големо значење, бидејќи на таков начин се допринесува за поголема информираност при инвестирањето и други бизнис одлуки на клиентите”, вели за Банкарство.мк Даринка Дамјановиќ извршен директор на ЦДХВ.

Секогаш на страната на корисниците, ја подигнуваме конкуренцијата во банкарскиот сектор. Најважните информации за банкарскиот сектор и финансиите во државата на едно место со цел подобра информираност на клиентите за да можат да носат подобри одлуки.

Финансиско информирање достапно за секој, за подобри услуги за клиентите, е главното мото во кампањата која ќе трае во наредниот период и во која учествуваат релевантни предводници на банкарскиот и финансискиот сектор, како и на регулаторните тела од овие гранки.

Интервјуа

Роберт Тодоровски, КЛИКНИ ЈАДИ: Нарачувањето на храна во компаниите е еден вид тим-билдинг

Објавено

на

Кликни Јади е компанија чија основна дејност е достава на храна и намирници до вашиот дом или канцеларија, улога која е мошне значајна особено во периодот на пандемијата со Ковид-19 и ограничувањето на движењето на граѓаните.  (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Интервју НИКОЛА ЈОШЕВСКИ: Финансиските друштва – како банкарството од сенка ќе бидат финансика поддршка за населението во пост-Ковид кризната иднина

Објавено

на

Со појавата на небанкарските институции во 2011 година во Македонија започна примената на финансиската инклузија, за која развиениот свет одамна знае и ја применува, а на овој терен таа либерализација беше неопходна со една единствена цел – унапредување на финансиското работење на пазарот во целина, бидејќи на клиентите им стојат на располагање повеќе опции за задоволување на нивните финансиски потреби од различен карактер.  (more…)

Продолжи со читање

Интервјуа

Интервју СУАТ ИНАН: Нашата цел е Халк Осигурување да биде дел од водечките осигурителни компании

Објавено

на

Халк Осигурување АД Скопје како компанија за неживотно осигурување е присутна на македонскиот пазар од 2007 година. Во 2019 година, компанијата по преземањето на сопственоста од Халкбанк АД Скопје се ребрендираше во Халк Осигурување и одтогаш се позабележливо е нејзиното присуство на осигурителниот пазар во земјава. (more…)

Продолжи со читање

Популарно