Connect with us

Останато

Дали ќе биде краткотраен законот за „Недела неработен ден”!?

Објавено

на

Стопанската комора на Северна Македонија пред Уставниот суд ги оспорила законските измени на Законот за работни односи со кои се воведе правилото дека недела е ден за одмор односно неработен ден.

Од Комората го оспориле законот бидејќи сметаат дека е спротивен на слободата и пазарот на претприемништво.

„Подносителот го оспорува Законот за изменување и дополнување на Закон за работни односи објавен во ’Службен весник на РСМ‘ бр. 288/21, како спротивен на слободата и пазарот на претприемништво, темелните вредности и еднаквоста на граѓаните. Оспорениот закон се однесува на уредување на работата во недела”, соопшти Уставниот суд.

Недела како неработен ден стапи на сила од 1-ви јануари годинава, откако претходно пратениците во Собранието ги изгласаа законските измени на 20 декември 2021.

Законот предвидува дека недела е ден за одмор за 92 проценти од работниците во земјава. Исклучок има за оние работни места каде не може да се прекине работниот процес односно за околу 8 проценти од работниците.

Новите законски измени предвидуваат оние кои работат во недела да земаат додаток на плата од најмалку 50 отсто за секој час поминат на работа доколку со Закон или колективен договор не е утврден повисок износ. Исто така, предвидено е да користат и слободен ден во наредните седум дена.

Останато

СЕФФ: Преку концептот зелена економија до отпорна економија со забрзан раст

Објавено

на

Природните непогоди поврзани со климатски промени го намалуваат растот за 0,4 процентни поени во просек, додека кај помалку развиените економии и до 0,7 процентни поени, покажуваат пресметките на Меѓународниот монетарен фонд. Проценките се дека во претстојниот период негативниот ефект ќе биде уште поголем, особено кај помалку развиените економии, што укажува дека од особено значење е да се имаат предвид климатските промени при креирањето на идни економски политики. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бесими: Ребалансот е одговор на кризата, предвидува кратења, но и додавања

Објавено

на

Ребалансот е одговор на кризата која не можеше да се предвиди во перидот кога се подготвуваше Буџетот за 2022 и во него, освен кратења, има и додавања, но и реприоретизирање на средствата, рече денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Кристин Лагард: Криптовалутите се безвредни, тие не се засноваат на ништо!

Објавено

на

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард верува дека криптовалутите не вредат ништо, дека се целосно безвредни. (more…)

Продолжи со читање


Популарно