Анализи
Дали централните банки можат да го спасат светот од климатските промени?

Од централните банки не може да се очекува да го спасат светот од климатските промени, се вели во новата книга на Банката за меѓународно порамнување, која повикува на глобална координација од владината политика до финансиската регулатива.
Книгата наречена „Зелениот лебед“ предупредува на потенцијалните сеизмички ефекти од климатските промени врз глобалниот финансиски систем, пренесува Reuters.
Бројот на екстремни временски непогоди се зголеми за четири пати во последните 40 години.
Само 44% од финансиските загуби предизвикани од тие непогоди се опфатени во САД.
Во Азија се опфатени само 7 проценти, а во Африка е само 3 проценти.
„Мислам дека можеби сме на работ да видиме нешто што може да биде причина за следната системска финансиска криза“, рече Луис Авасу Переира Да Силва, еден од водечките автори на книгата.
Ако започнат да се појавуваат екстремни климатски сценарија, од централните банки, кои имаат значајна улога во финансиската криза, може да се бара да бидат „последно средство за зачувување на климата“.
„Нема брзо решение“, предупреди Переира Да Силва. „Централните банки нема да го спасат светот повторно“, додаде тој.
Анализи
Најдобри совети како да го реновирате вашиот дом во рамките на буџетот

Домот треба да биде наше засолниште, но и среќно место каде ќе се релаксираме на крајот од напорниот ден и ќе креираме семејни спомени со нашите најмили. Токму затоа, секој од нас сака да создаде што поудобна и попријатна атмосфера во него. Една од причините поради која може да се одлучите да го реновирате домот е желбата да го направите подобро место за живеење или едноставно сакате промена и свежина во домот. (more…)
Анализи
Каде и колку купуваат онлајн Македонците со платежните картички во странство?

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ направи анализа на објавените податоци од Народната Банка на Република Северна Македонија, од каде што може да се увиди дека Македонците за купување производи и услуги со платежни картички кон странски е-трговци во 2022 година потрошиле 156.2 милиони евра што што претставува пораст од 46,31% во однос на минатата година и учество од 28% од вредноста на вкупните онлајн трансакции. Ослободувањето на мерките поврзани со пандемијата секако се одрази на е-трансакциите кон странските земји, посебно поврзани со патувања и трансакции за авио-билети и резервации на хотели онлајн. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје