Домашни банки
Дали сте размислувале колку пари и време ви заштедуваат дигиталните финансиски услуги?


Сите сме сведоци на ултра брза дигитална трансформација. Замислете си само колку пати дневно извршувате дигитални трансакции? Сигурно никогаш не сте размислувале колку пари и време ви заштедува плаќањето преку интернет или мобилен телефон. Во маркети плаќате со картичка за неколку секунди и не чекате кусур. Не губите време ниту кога ви треба готовина, затоа што имате банкомат на секој чекор. Не трошите еден вработен за уплата на дневен промет секој ден затоа што и за тоа имате банкомат…
Ниеден од корисниците на овие услуги, без разлика дали е индивидуа или компанија, не троши време да размислува зошто го прави тоа. Го прави затоа што така му е полесно, поевтино, побрзо, безбедно и ефикасно и затоа што секоја нова можност треба да се искористи. Тоа е во инстинктот на секој човек, а особено на генерациите Y, Z итн.
Една од банките која брзо ги препозна овие промени и потреби на граѓаните е Комерцијална банка, која ја изненади јавноста со освежено лого, нова кампања со пораката „Полесно е заедно“ и со комплетно нова веб-страна https://www.kb.mk, која ги прави понудата и работењето на Банката уште поблиску до клиентите. Комерцијална банка, најголемата и единствена голема банка во земјава без доминантен странски капитал, излезе со ваква силна порака и кампања затоа што веќе разви ефикасна Интернет банка и мобилни апликации мБанка и мБанкаКо, отвори дигитални експозитури, постави напредни банкомати за исплата и уплата на готовина и понуди низа производи и услуги за електронски финансиски трансакции.
Со сите овие промени и инвестиции Банката стана уште поблиска до секој граѓанин и до секоја компанија. Комерцијална банка едноставно покажа дека ги разбира потребите и желбите на клиентите. Интересно е што Банката не само што наметнува дигитален финансиски свет за поедноставно живеење и работење, туку го прави овој свет прифатлив за секого.
Домашни банки
Се појави лажна Facebook страница под името на Шпаркасе Банка
Домашни банки
“Social Friday” во организација на Синдикатот на финансиски организации на Македонија


Колегите од синдикалните организации на Халкбанк АД Скопје, Комерцијална Банка АД Скопје , Шпаркасе Банка , Стопанска Банка а.д. Скопје, Стопнаска Банка АД Битола, Агенција за Супервизија на Осигурувањата, Фулм и Силк Роад Банка решија да направат позитивни промени и заедно да придонесат кон подобрување на општеството. (more…)
Домашни банки
Извлечени среќните добитници во големата наградна игра „НЛБ за млади“


НЛБ Банка ги извлече среќните добитници во големата наградна игра за станбени кредити „НЛБ за млади“. Педесет (50) клиенти, на возраст до 40 години, на кои во периодот од 1 март до 31 мај годинава им се одобри станбен кредит од НЛБ Банка се среќни добитници на парична награда на износ од 20.000 денари. Средствата ќе бидат уплатени на сметката на одобрениот НЛБ Станбен кредит за кој добитникот на наградата аплицирал во промотивниот период. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје