Connect with us

Останато

Дали си на вистинската страна?

Објавено

на

Професорот Џери Уелсман решил да направи еден експеримент.

Неговите студенти по фотографија на Универзитетот во Флорида, ги поделил во две групи. Сите кои се наоѓале од левата страна на училницата припаѓале на групата “квантитет”, во која студентите биле оценувани само врз основа на бројот на фотографии.

Сите на десната страна на училницата, биле дел од групата “квалитет”, кои требало да направат само една фотографија, а нивната оцена би зависела од квалитетот на истата.

На крајот на семестарот, неговиот заклучок бил дека:

СИТЕ ДОБРИ ФОТОГРАФИИ БИЛЕ НАПРАВЕНИ ОД СТРАНА НА КВАНТИТАТИВНАТА ГРУПА, А НЕ ОД КВАЛИТАТИВНАТА, бидејќи групата на квантитет го користела нивното време фотографирајќи што повеќе фотографии, додека групата на квалитетот размислувајќи како да постигне перфекција.

Квантитативната група се подобрила со тек на време – Квалитативната донесувала разни теории, а испорачувала само една слика.

Проблемот е, повеќето од нас го живеат својот живот стремејќи се кон перфекција.

Бараме одговори…

Правиме план и стратегија…

Читаме книги и учиме…

Мислиме дека нешто сме направиле, кога во реалноста само се подготвуваме за истото. И кога не напредуваш како што си замислил, најверојатно трошиш премногу време размислувајќи.

Заборавајќи дека…

Седењето во соба со перфектно изграден план, читајќи книга или завршувајќи го онлајн курсот, најверојатно ќе направи нула промена во твојот живот.

Наместо ова, потребно е да направиш нешто….дури и да е погрешно, направи го доволно пати додека не почнеш да го правиш на вистинскиот начин.

Потребно е да направиш доволно лоши фотографии, додека не дојдеш до совршената.

Исто како со тренингот…

Не е важно колку пати ќе разговараш со личен тренер, само одење во вежбална ќе те доведе во форма.

ДАЛИ СИ СПРЕМЕН ДА ВЛЕЗЕШ ВО ИГРА?

Извадок од книгата Atomic Habits, James Clear

Останато

Grouper.mk прогласен за Најдобар Сајт за 2018 година во Македонија

Објавено

на

На доделувањето на наградите на манифестацијата „Сајт на годината“, која се одржа изминатава недела традиционално деветта година по ред, Grouper.mk беше избран за Најдобар Сајт за 2018 година во Република Македонија од страна на гласачите и комисијата. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

4 најважни блокчејн трендови за 2019 година

Објавено

на

Додека 2019 година е веднаш зад аголот, дојде време да се размислува за настаните од 2018 година, но уште поважно, да се разгледа она што следната година може да го донесе. Блокчејн технологијата ќе донесе уште многу изненадувања.  (more…)

Продолжи со читање

Останато

Национална конференција: Граѓаните воопшто не се запознаени со мерките за вработување

Објавено

на

Во 2018 и 2019 година во однос на 2017 година е намален износот на средства што се издвојуваат за спроведување на активните програми и мерки за вработување, односно за 44% или 437 милиони денари, рече програмскиот координатор Дарко Антиќ од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените ЕСЕ на денешната национална конференција „Дали и колку граѓаните чувствуваат бенефит од спроведувањето на активните мерки, програми и услуги за вработување“. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange