Connect with us

Анализи

Дали растот на цената на горивата во регионот е оправдан?

Објавено

на

Цените на горивата во регионот постојано растат и го достигнаа својот максимум. Во Србија и Хрватска се случија и многу протести против покачувањето на цената на горивата.

Според аналитичарите на инвестициската компанија KapitalRS, од почетокот на 2018 година, цената на суровата нафта се зголемува. Од 60,21 долари за барел на 1 јануари 2018 година, цената на ова гориво на 22 мај достигна највисока вредност оваа година, што е 72,88 долари за барел. Оттогаш, цената на нафтата забележа пад и на 11 јуни се движеше околу 65,6 долари, така што од почетокот на годината вкупниот раст е околу 9%.

Причината за растот на цената на суровата нафта на светскиот пазар е од три фактори:

1. Договорот ОПЕК и Русија, кој стапи на сила на почетокот на 2017 година, има за цел со намалување на производството на овој енергенс да ја врати цената во рамнотежно ниво.

2. Венецуела, како еден од најголемите производители на сурова нафта во рамките на ОПЕК, има економски потешкотии кои се рефлектираат во нафтената индустрија. Увозот на сурова нафта во Венецуела се забавува, што дополнително го намалува снабдувањето на оваа енергија на глобалниот пазар, а ова дополнително влијае на порастот на цените на суровата нафта.

3. Повлекување на САД од договорот за нуклеарно разоружување со Иран, или третиот по големина производител на нафта во ОПЕК. Тоа предизвика загриженост дека со санкциите ќе се забави извозот на сурова нафта од овие земји и со тоа уште повеќе ја зголеми цената на овој енергенс.

Како што се приближува  редовниот состанок на ОПЕК на 22 јуни во Виена, на кој би се разгледувало зголемувањето на производството на сурова нафта, може да се зголемат ценовните флуктуации на цената на суровата нафта.

Анализи

Кој зема дел од “колачот” наречен перпетуална обврзница на УНИБанка?

Објавено

на

УНИБанка е првата институција, односно банка, која во Македонија издаде перпетуална обврзница. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

МАКЕДОНИЈА е земја на фриленсери!

Објавено

на

Што се фриленсери? Наједноставна дефиниција на овој термин претставува луѓе кои работат независно, односно не се во постојан и редовен работен однос, немаат работно место, самостојно ги наоѓаат своите клиенти и можат да работат од било каде и било кога.  (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Во Македонија регистрирани 8 компании кои нудат “брзи кредити”

Објавено

на

Министерот за финансии, Драган Тевдовски денес во Собранието на Република Македонија ја доби поддршката од пратениците за ограничување на трошоците кои се однесуваат на таканаречените “брзи кредити”. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange