Connect with us

Лични финансии

Дали парите може да ја купат среќата!?

Објавено

на

Ова тврдење е старо колку и светот, дури и кога немало пари во оптек. Со размена на стоки, луѓето се обидуваа да се осигурат себеси и своето семејство на најдобар начин, бидејќи тоа е во човечката природа.

Како што станувавме се позависни од парите со текот на времето, така расте и потребата да ги имаме во што поголем обем, да ги „акумулираме“, да ги создаваме или „лесно“ да ги добиваме. И зошто? Затоа што денес купуваме многу работи: од храна и облека, до мали и големи задоволства. Парите се неопходни за задоволување на основните животни потреби и за плаќање на режиските трошоци, но, дали парите може да ја купат среќата!?

Ако им се верува на истражувачите, одговорот е ДА.

Студија на Универзитетот Јеил и Универзитетот Кембриџ откри дека е можно да бидеме посреќни ако имаме пари, бидејќи тоа задоволство лежи во начинот на кој располагаме со ресурсите: што можеме да си дозволиме и како да го подобриме квалитетот на животот. Иако за многумина, висината на платата не е клучна за личното задоволство, малкумина ќе ви кажат дека парите не им се важни.

Треба да се најде рамнотежа

Студијата покажа дека трошењето пари може да ја зголеми вашата среќа – ако парите се потрошат на начин што одговара на вашата личност. Со други зборови, размислете кој сте кога купувате и тоа може да промени сè. Ова значи дека трошењето на лични задоволства нè исполнува најмногу, но и купувањето подароци за најблиските.

Од друга страна, ќе се согласиме дека плаќањето сметки е омразено за секого, но исто така и неизбежно. Сепак, треба да се има предвид дека прекумерното купување честопати е поврзано со лично незадоволство, или „пополнување емоционални дупки“, како што честопати велат психолозите.

Студија од пред неколку години, заснована на истражување на Галуп, спроведено на повеќе од 450.000 испитаници, сугерира дека заработувачката до 75.000 УСД годишно може да направи човек да се чувствува позадоволен во животот. Во тоа истражување беа вклучени само луѓе од Соединетите држави, додека друго, од 2017 година, вклучуваше членови од целиот свет.

Според резултатите од истражувањето направено пред три години, емоционална благосостојба може да се постигне кога едно лице за 12 месеци заработува од 60 000 до 75 000 УСД. Заситеноста, пак, може да се појави кога некое лице заработува околу 95.000 УСД.

Она што се наведува како главен аргумент за тврдењето дека парите носат среќа, е недостаток на стрес кај луѓе кои заработуваат многу или „доволно“, поисполнет социјален живот, плаќање сметки на време и слично.

Лични финансии

Големите лидери никогаш не ги прават овие пет грешки

Објавено

на

Пред да одлучите да ја прифатите лидерската улога, размислете двапати за тоа дали навистина го сакате тоа. Дали навистина имате став и емоционална интелигенција да ги водите луѓето и да успеете со нив? (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Неколку вистини за парите и инвестирањето што треба да ги знаете

Објавено

на

Многумина од нас се надеваат дека ќе станат многу богати. Повеќето сакаат да постигнат одредено ниво на финансиска слобода и мир, без да стравуваат од помислата дека ќе немаат да ги платат сопствените сметки. Но, за постигнување на тоа ниво, исто така, е потребно одредено ниво на финансиско знаење кое многумина немаат, велат експертите. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

5 работи кои ви ја уништуваат кариерата

Објавено

на

Напорно работите, но за жал никој не го забележува тоа? Ќе мора да го свртите листот и да ги измените некои аспекти од работењето. Според мислењето на експертите, постојат пет битни причини поради кои не сте доволно почитувани на работното место поради што кариерата може да ви тргне во надолна линија. (more…)

Продолжи со читање



Популарно