Платежни картички
Дали паметно ја користите вашата кредитна картичка?

Возите автомобил и точите гориво во него? Купувате лекови или производи за нега во аптеките? Нарачувате производи онлајн од домашни онлајн продавници? Зошто тогаш не размислите за можноста да добиете попуст на направените трансакции. Односно, да добиете бонус поени кои потоа можете да ги искорстите за нови пазарувања. Токму тоа го нуди бонус програмата на Халкбанк АД Скопје наменета за корисниците на кредитните картички од брендовите Mastercard и Visa издадени од банката, што може да биде одличен начин да заработите од купувањата што сепак требаше да ги направите.
Бонус програмата на Халкбанк е креирана со цел да им овозможи на клиентите кои ги користат кредитните картички на банката на некој начин да добијат поголеми привилегии со бенефициите и дополнителните вредности кои што банката им ги овозможува. Па така, при пазарување и плаќање со вашата кредитна картичка на различни продажни места објавени од страна на банката, заработувате бонус поени како одреден процент од трансакцијата, кои се во вредност – еднакви на пари. Бидејќи еден бонус поен има вредност од еден денар, собраните поени потоа можете да ги искористите при идни плаќања во мрежата на ПОС терминали од Халкбанк при некое следно пазарување.
Халкбанк континуирано спроведува различни бонус кампањи во различни периоди од годината. Во моментов се активни повеќе бонус програми. На пример, со секоја трансакција направена со Халкбанк кредитна картичка на ПОС терминал на Халкбанк на бензинските станици во време на викенд (од петок 16:00 часот до недела 00:00 часот) добивате 5% бонус поени од секоја трансакција. Воедно и при вршење на набавки со кредитни картички на Халкбанк во аптеките во земјата на ПОС терминали на Халкбанк добивате исто така 5% бонус поени. Иста висина на бонус поени се добива и при онлајн пазарување кај над 300 е-трговци или доколку земете осигурителна полиса од Халк Осигурување.
Покрај овие, бонус програми има и за низа продавници за козметика, облека, спортска опрема, играчки, производи за домаќинство, здрава храна и други, во кои што при пазарување со кредитните картички на Халкбанк се пресметува одреден процент на бонус поени.
Добиените поени веднаш можете да ги искористите кај кој било трговец кој располага со ПОС терминал на Халкбанк. Со едноставно вметнување на картичката во терминалот, се користи опцијата – искористи бонус поени, се наведува сумата на поени која сакате да ја искористите и плаќањето ќе биде реализирано откако ќе ја потврдите трансакцијата со вашиот ПИН код.
Дополнителна бенефиција за имателите на кредитни картички издадени од Халкбанк е поволноста за купување на рати без камата на мрежата на ПОС терминали со кои Банката има склучено таков договор.
Затоа, доколку сè уште не сте корисник на кредитна картичка на Халкбанк, разгледајте ја широката понуда на кредитни картички кои ги нуди Банката, проверете ги нивните предности и аплицирајте за некоја од нив. Ќе видите дека доколку правилно ги користите истите можат да ви донесат многу бенефиции.
Листата на активни кампањи и продажните места што се вклучени во кампањите можете да ги проверите тука, а трговците кај кои можете да купувате на рати без камата на следниот линк.
Платежни картички
Наградна игра на ТТК Банка со Mastercard платежни картички

ТТК Банка започна со организирање наградна игра за сите физички лица, клиенти на Банката кои се корисници на Mastercard платежни картички, дебитни и кредитни, издадени од Банката. Конкретно, платежни картички кои учествуваат во наградната игра се Mastercard Debit – дебитна картичка и Mastercard Credit – кредитна картичка. (more…)
Платежни картички
КаСис: Започна академската година со субвенциониран студентски оброк

Мнозинството од студентите кои се квалификуваа за користење на субвенциониран студентски оброк, во рамки на проектот на Министерството за образование и наука, веќе ги подигнаа своите картички кои ги издава Шпаркасе Банка. Изработката на овие картички ја реализираше единствениот македонски процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички КаСис АД. (more…)
Платежни картички
„Помала камата, повеќе можности“: НЛБ Visa кредитните картички со промотивна 5,9% фиксна камата

НЛБ Банка започнува промотивна кампања која се однесува на сите корисници на НЛБ Visa кредитни картички, односно Visa Classic и Visa Gold за физички лица.
(more…)
- Домашни банкипред 2 months
Халкбанк со тројца нови членови на Управниот одбор – Беркан Имери, Александар Иљов и Мухамед Хаџипази
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 1 month
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 4 weeks
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје