Connect with us

Странски банки

Дали новите дигитални банки ќе ги дигнат каматните стапки на депозитите?

Објавено

на

Дигиталните банки кои во се поголем број на држави добиваат лиценци од централните банки наметнуваат силно темпо на конкуренција со традиционалните банки со цел да привлечат поголем број на клиенти.

Таков пример прикажа ZA Bank една од првите дигитални банки која започна со работа на пазарот во Хонг Конг. ZA Bank понуди импресивни каматни стапки на новите клиенти кои ќе отворат депозити. Станува збор за каматна стапка на депозити од 6% на годишно ниво што е речиси двојно повисоко од каматните стапки кои ги нудат традиционалните банки во Хонг Конг меѓу кои и најуспешниот интернационален конгломерат HSBC.

„Ова повеќе личи на евтин трик, што не треба да стане вообичаена пракса. Но, конкуренцијата за прибавување на средства навистина станува се поголема со оглед на тоа што нови осум банки ќе започнат со работа“ коментира Тери Сиу директор во CMB Wing Lung банката која им плаќа камата од 3,8% на новите штедачи во Хонг Конг.

За појаснување највисоката каматна стапка од 6% на ZA Bank се однесува на краткорочно неколкумесечни депозити на нови клиенти и навистина за почеток делува како успешен и атрактивен маркетинг трик отколку како политика за редовна понуда на клиенти.

Секако, и овој потег на ZA Bank треба да служи како индикатор за зголемената конкуренција.

Исто така и самиот пазар во Хонг Конг може да се соочи со раст на каматните стапки за депозитите кои им се неопходни на банките доколку се влоши локалната политичка ситуација со честите протести и барања за поголема автономија или независност од влијанијата на Пекинг и Кина.

Ако дојде до миграција на кешот и повлекување на средства од сметките на клиентите вештачки може да се зголемат каматните стапки за да се убедат штедачите да ги депонираат своите пари во банките, инаку во спротивно има потенцијални закани за ликвидноста, а со тоа и поголема финансиска криза во Хонг Конг.

Засега во западните развиени земји каматните стапки на депозитите се движат меѓу 1 и 2%, а се почесто се воведуваат и негативни стапки со цел парите да не лежат на сметки туку да се вложат во пазарот на капитал каде може да остварат повисоки приноси од инвестиции и вложувања.

Странски банки

Банките и регулаторите ја губат битката против перењето пари

Објавено

на

Податоците протекоа од мрежата за спроведување на финансиски злосторства на Министерството за финансии на САД, кои дадоа слика на банки презаситени од огромниот обем на потенцијални сомнителни трансфери, без ниту ресурси ниту волја темелно да се справат со проблемот. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Американскиот банкарски гигант JPMorgan Chase ќе плати казна за берзански манипулации

Објавено

на

Три американски регулатори во текот на вчерашниот ден истовремено објавија за постигнат договор со „JPMorgan Chase” за запирање на криминалната истрага во однос на оваа банка во замена за исплата на казна во вредност од 920 милиони долари. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Светски банки дозволувале трансфер на валкани пари

Објавено

на

Некои од најголемите банки во светот им дозволиле на криминалци да префрлаат валкани пари во износ од околу две милијарди долари, покажуваат документи што протекоа во јавност. (more…)

Продолжи со читање

Популарно