Connect with us

Останато

Дали недела ќе стане неработен ден!?

Објавено

на

Собраниската Комисија за труд и социјална политика денеска треба да расправа за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи во прво читање, со којшто се определува недела како ден на неделен одмор за сите, со одредени исклучоци кај работодавачи во дејностите каде работниот процес не дозволува да се направи прекин на работниот процес.

„Многу истражувања го утврдуваат значењето на рамнотежата помеѓу професионалниот и приватниот живот, како неопходен елемент во животот на работникот, затоа што оваа рамнотежа придонесува работникот да биде поефикасен и мотивиран на работното место, а од друга страна да има и приватен живот – семеен и социјален, што ги задоволува неговите потреби и потребите на неговите блиски. Гледно во национален контекст, односите со семејството и пријателите се традиционални вредности коишто треба да се чуваат и развиваат. Дополнително, работникот треба да има време да се занимава со хоби, да спортува и да посетува културни настани, а сето тоа, вклучително и исполнетиот семеен и социјален живот ќе му помогнат на работникот да го канализира оптоварувањето на работното место и да биде попродуктивен”, стои во образложението на Предлог законот од Министерството за труд и социјална политика.

За спроведување на овој закон, се потребни дополнителни финансиски средства од државниот Буџет.Врз основа на расположивите податоци за бројот на вработени во јавен сектор, кои би работеле во недела ( 30 проценти), просечната плата во земјата, се проценува дека фискалните импликации би изнесувале околу 43.100.000 денари месечно, односно 516.600.000 денари на годишно ниво.

Во Собранието е закажана и седница на Комисијата за одбрана и безбедност, која, пак, ќе расправа за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за заштита и спасување, во прво читање.

Основна цел на предложените измени и дополнувања на законот е да се измени статусот на пиротехниарите од административни службеници во лица со посебни овластувања, како и да се усогласат правата на пиротехничарите со меѓународните норми.

Останато

Пензионерите добиваат повисоки пензии за 6,8 проценти

Објавено

на

Со септемвриската пензија околу 330 илјади пензионери во државата добиваат повисоки пензии за 6,8 проценти, согласно новата методологија воведена со последните измени во Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март 2022 година. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Годишната стапка на инфлација во Белгија 11,27 проценти, највисоко ниво во последните 50 години

Објавено

на

Годишната стапка на инфлација во Белгија се искачи на 11,27 проценти во септември, што е највисоко ниво во последните 50 години, покажуваат официјалните податоци. (more…)

Продолжи со читање

Останато

МФ: Владата обезбеди 250 милиони евра со поволни услови преку германски хартии од вредност

Објавено

на

Владата донесе одлука за издавање хартии од вредност на германскиот пазар, обврзница позната како „Namensschuldverschreibungen”, односно NSV, во износ од 250 милиони евра. Како што соопшти Министерството за финансии (МФ), средствата ќе се искористат за отплата на стари долгови кои доспеваат и за финансирање на буџетски потреби. (more…)

Продолжи со читање

Популарно