Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Лични финансии

Дали најдобрите продавачи се родени или обучени за тоа?

Објавено

на

Во соработка со Македонската Асоцијација за Продажба во периодот што следи ќе објавуваме текстови кои ќе ви помогнат да ги подобрите продажните вештини, да ја зголемите самодовербата и да го подобрите вашиот продажен ефект.

Повеќето од нас што сме добри во тоа што го работиме слушаме како оние околу нас доста често ни кажуваат “Ти си роден/а за продажба”. Оние што не се во продажбата всушност мислат дека најдобрите продавачи се родени со целото тоа знаење за продажба. Генерално мислење е дека преку ноќ ја имаме стекнато способноста за продавање. Како да сме дошле на земјава со извод од матична книга на родени и чек листа на зборови со кои ги убедуваме луѓето да купат.

Оние кои се родени со способноста лесно да комуницираат со сите, добро се снаоѓаат во продажбата, но да знаеш да комуницираш е само врвот на сантата мраз. За да бидеш добар продавач треба постојано да го учиш занаетот, да учиш од другите и постојано да ја бараш онаа легендарна комбинација на зборови која ќе ги отвори умот и паричникот на твојот потенцијален клиент.

Целиот мој живот луѓето ми викале дека сум за продажба

До сега сум сменил 6 компании и во сите сум бил во продажба. Иако сум претежно во финансиски сектор, сепак, секој производ во секоја компанија имаше свои карактеристики, за секоја услуга имаше посебен принцип на работа, така што секој пат кога ќе сменев работа, може да се каже дека морав се одново да учам. Иако сега сум доста искусен во тоа што го работам, сепак и јас морав да бидам обучуван за секоја нова работа.

Најдобрите продавачи се оние кои се отворени за нови работи и желни да научат. Оние кои инвестираат во себе. Оние кои читаат книги. Оние кои посетуваат семинари. Оние кои ги анализираат своите потенцијални клиенти и спремни се да решаваат поблеми.

Продажба не е само да бидеш добар говорник

Продажбата е да го насочиш клиентот за сам да сфати зошто треба да го купи тоа што ти го продаваш. Најдобрите продавачи ќе ти кажат: “Што помалку зборуваш, толку повеќе продаваш”, така што да бидеш добар говорник не е предиспозиција за добар продавач.

Мојот моментален тим е сочинет од многу добри продавачи, но сите тие се тренирани за да продаваат. А исто така имам видено и како луѓе кои се родени за продажба бегаат од продажбата.

Најдобрите продавачи можат да се тренираат, обучуваат и ги разбираат проблемите со кои се соочуваат потенцијалните клиенти

Нареден пат кога некој ќе те праша дали најдобрите продавачи се родени такви или се обучувани, слободно прашај ги дали мислат дека луѓето се будат еден ден и веднаш можат професионално да се бават со фудбал, кошарка или каков било друг спорт. Како и се друго, и продажбата си бара труд, пракса, и “да го испотиш газот“. Продажбата е курс за личен развој кој се одржува цел живот.

Автор: Филип Бундовски, Претседател на Македонска асоцијација за продажба

Лични финансии

Бизнис Бар: Парите можат да ве направат среќни, ако го промените начинот на кој размислувате за нив

Објавено

на

Многу од нас мислат на парите како непријател и малкумина од нас го гледаат нивниот потенцијал. Парите треба да ни донесат радост, благодарност и среќа – особено кога ќе ги подариме слободно и со истата позитивна енергија како што ги добивме. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Бизнис Бар: 4 знаци кои веднаш идентификуваат некого со лоши лидерски вештини

Објавено

на

Кога вработените не ги добиваат алатките, обуките, времето, развојот, очекувањата, визијата или ресурсите што им се потребни за да си ја завршат работата, се соочуваат со слаб морал –  престануваат да се грижат и престануваат да се обидуваат. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Бизнис Бар: Како да управувате со времето за да ги постигнете вашите цели

Објавено

на

Една од најефикасните вештини што може да ги имате во животот е моќно и ефикасно  управување со времето,  а поставувањето на сериозни цели го бара токму тоа. Ако не го менаџирате добро вашето време, нема шанси да ги постигнете своите цели. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange