Connect with us

Домашни банки

Дали намалувањето на рестрикциите на движењето ќе значи и стандардно работно време за банките?

Објавено

на

Почнувајќи од утре, четврток, 23-ти април, се намалуваат рестрикциите на движењето на граѓаните.

Од утре, секој работен ден, од понеделник до петок ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 19:00 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 19 часот и ќе трае до 05 часот наутро.

Ова се најновите мерки преку кои како што најавија од Владата на Р. Северна Македонија ќе започнат со намалување на рестриктивните ограничувања на движењето на граѓаните и полека но сигурно ќе започнат да го враќаат функционирањето во нормала.

Дали последните воведени мерки од Владата на РСМ за олабавување на рестрикциите ќе значи и враќање на стандардното време на банките!?

Досега, поради големите рестрикции на движењето, сите банки во нашата држава работеа со скратено работно време, претежно од 7:30 до 14:30 часот. Но, новонастанатата ситуација отсега им овозможува нормално функционирање и враќање на стандардното работно време со кое дополнително би се намалиле гужвите пред експозитурите.

Преземањето на оваа содржина не е дозволена без согласност од Редакцијата на Банкарство.мк

Домашни банки

Халкбанк уште еднаш ја покажа на дело својата општествена одговорност – Банката откупи 300 билети од МНТ со цел поддршка за културата

Објавено

на

Изминатиов период, додека светот се соочува со пандемијата од вирусот КОВИД-19, а бизнисите ги трпат економските последици, сведоци бевме како Халкбанк, низ повеќе активности и иницијативи, дава поддршка на повеќе трговци кои беа погодени од корона кризата. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Глобал Фајнанс ја прогласи Халкбанк за „Најдобра банка за работа со население за 2020 година“

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје од страна на престижниот светски финансиски магазин Глобал Фајнанс (Global Finance) е прогласена за Најдобра банка за работа со население за 2020 година. Истовремено, банката е добитник и на наградата „Commerzbank’s STP Award 2019“ која ја доделува лидерот за меѓународни финансиски услуги Комерцбанк АГ како признание за брзината и квалитетот на меѓународните плаќања и трансфери. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Промена на работното време на експозитурите на Шпаркасе Банка

Објавено

на

Од 02.07.2020 година а заклучно со 18.07.2020 година, Шпаркасе Банка Македонија започна со издавање на домашната платежна картичка „Купувам домашно“, која е дел од третиот сет на мерки на Владата на Република Северна Македонија за поддршка на одредени групи на граѓани и ревитализација на домашната економија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно