Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Анализи

Дали македонските компании знаат да привлечат топ кадар?

Објавено

на

Бизнис заедницата се почесто говори дека се соочува со недостиг на квалификувана работна сила, дека образовниот процес затајува да обезбеди кадар со вештини кои се потребни на пазарот на труд и дека флуктуацијата на работниците е се поголема поради миграциските процеси, но и незадржувањето на една работна позиција на подолг рок.

Затоа прашањето е што прават македонските фирми за да привлечат атрактивен кадар со врвни референци, најсоодветни вештини, знаења и компетенции. Во развиените економии на Запад, но и поучени од нашето не така дамнешно минато на самоуправување добро ни е познат концептот на плата плус доделување на удели во акции за вработените. Тоа е еден од најдобрите принципи за создавање долгорочна врска меѓу работодавачот и вработениот.

Плаќањето со регуларна плата плус equity е многу присутно во банкарскиот сектор во Северна Македонија каде менаџментот има удел во акциите. Често читаме во извештаите на Македонска берза дека самите директори откупуваат акции во друштвото со што даваат до знак дека веруваат во успех на долг рок. Сличен тренд постои и во акционерските друштва од останатите сектори кои редовно или често дел од добивката го прераспределуваат како дивиденда.

Сепак, во нетипичните акционерски друштва кои не котираат на Македонска берза, ретко е да се забележи понуда од страна на работодавач, кој покрај редовната плата ќе понуди и дополнителни бенефиции за врвниот кадар.

Флуктуацијата на ИКТ индустријата и вибрантниот пазар на работна сила придонесе во последните години да видиме голем број на пример на ваков вид на фирми кои на своите вработени покрај високите плати кои се значително над државниот просек да им нудат и користење на теретана, спа, базен, редовно им одржуваат активности вон работното место и организираат тим билдинг.

Затоа понудата на equity или сопственички удел во акциите на фирмата стануваат „нова“ алатка која се почесто ќе ја гледаме во огласите за вработување, особено во понудите на фирмите кои се во одлична финансиска состојба и го зголемуваат своето пазарно учество.

Најнов пример за компанија која го нуди овој пакет на своите вработени е Тиго Фајнанс современа финтек компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците, но и креативни начини за привлекување на квалитетен и образован кадар кој ќе биде движечка сила на компанијата во брзиот раст и развој.

Имено, во последниот оглас компанијата за Директор на оддел финансии и сметководство, покрај конкурентната плата и „стандардните“ бенефити како службен телефон, лап топ, парични бонуси поради успешност, компанијата е подготвена да му обезбеди дополнителна вредност на кандидатот, односно да му отстапи дел од сопственоста во компанијата, со што на своите ценети вработени им покажува колку многу ги цени и е подготвена да инвестира во нивната посветеност и мотивација. Огласот можете да го погледнете на следниов линк.

Доколку пак, вие се соочите со таков вид на понуда треба да направите пресметка што ви е приоритет во моментот. Знакот дека компанијата е подготвена да ви отстапи дел од сопственоста во акции покажува дека ве цени како кандидат и сака да понуди дополнителна вредност покрај стандардната плата, бенефиции, службено возило и платен мобилен телефон.

Доколку сметате дека износот на платата може да биде повисок, или пак во тој момент ви треба конкретна сума, наместо инвестирање во хартии од вредност на долг рок, тогаш потешко би се одлучиле за „жртва“ на месечно ниво на вашата сметка се додека не дојде периодот кога вложувањето во растот на фирмата би се исплатил.

Тие пак, кои сакаат да дадат поголем придонес во развој на фирмата, нејзино етаблирање и пазарна експанзија, тогаш многу полесно би донеле одлука да прифатат покрај плата и удел во акции за долгорочна соработка и потенцијал за „ефектурирање“ на преземениот ризик.

Сепак не треба да се заборави старото правило дека инвестирање во хартии од вредност е секогаш исплатливо на долг рок, па кога компанијата ви го нуди овој бенефит, не треба многу да размислувате…Едноставно прифатете, бидејќи со сигурност ќе ви се исплати!

Анализи

Ова се најпрофитабилните акции во последните 20 години

Објавено

на

Цените на берзата растат и паѓаат секој ден, но најдобрите компании им носат вредност на своите акционери на долг рок. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Како функционира и што нуди новата алатка Отворени финансии?

Објавено

на

Министерството за финансии со новата дигитална алатка “Отворени финансии” на увид на јавноста ги стави сите трансфери од буџетот на државата, како по извршените трансакции кон корисниците на буџетските сметки односно државните институции, така и кон економските оператори од приватниот и јавниот сектор за набавените стоки и услуги. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Finance Think: Зголемувањето на минималната плата и пензиите може да има негативни последици

Објавено

на

По спроведената мисија со цел консултации за подготовка на Членот IV, Меѓународниот Монетарен Фонд ги оцени економските реформи во Северна Македонија со солиден потенцијал за справување со долгорочните предизвици. И покрај релативно позитивната оценка на економскиот раст, потезите во социјалната, даночната и пензиската сфера, заклучоците укажуваат на неколку економски и социјални политики, кои подолго време се дискутираат во македонската експертска јавност. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange