Странски банки
Дали конечно турската централна банка ќе ја зголеми основната каматна стапка со цел намалување на енормната инфлација!?

Комитетот за монетарна политика на турската централна банка на 18 август ќе одлучи дали ќе ја промени главната каматна стапка, пренесува турската државна телевизија „ТРТ Хабер”.
Банката од почетокот на годината ја задржа основната каматна стапка непроменета на ниво од 14 проценти. Финансиската институција минатиот месец повторно одлучи да не ја менува основната каматна стапка.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е познат по неговото противење на високите каматни стапки. Спротивно на класичните економски теории, тој тврдеше дека високите каматни стапки ја поттикнуваат инфлацијата. На крајот на 2021 година, Ердоган побара од централната банка да ја намали основната каматна стапка од 19 отсто на 14 отсто во периодот септември-декември.
Серијата намалувања на каматните стапки минатата година предизвика валутна криза и пораст на потрошувачките цени.
Минатиот месец Турција објави инфлација од речиси 80 отсто на годишна основа. Податоците на Турскиот статистички институт (Туркстат) за јули покажуваат дека стапката на инфлација е зголемена за 2,37 отсто во однос на претходниот месец, а во однос на јули 2021 година инфлацијата пораснала за дури 79,60 отсто.
Странски банки
Лагард: Економијата во Еврозоната во подобра состојба од очекуваното

„Економската активност на еврозоната е забавена во споредба со 2022 година, но оваа година ќе биде „значително подобра“ од предвиденото – и покрај инфлацијата и енергетската криза”, изјави во Давос претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард. (more…)
Странски банки
Светска банка ја ревидираше прогнозата за раст на македонската економија

Светска банка ги ревидираше своите очекувања во однос на бруто домашниот производ (БДП) на Македонија. Новата прогноза на Светската банка е раст на економијата за 2,4 проценти во 2023 година. (more…)
Странски банки
Европската централна банка: Реалните плати во еврозоната драстично паѓаат

Реалните плати во еврозоната се значително пониски отколку во периодот пред пандемијата и, веројатно, ќе се намалат уште повеќе во наредните месеци поради брзиот раст на цените, предупреди денеска Европската централна банка (ЕЦБ). (more…)
- Анализипред 2 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер