Connect with us

Странски банки

Дали кинеските банки ќе доминираат со блокчејн платформите?

Објавено

на

Кинеската банка CCB успеа да надмине 50 милијарди долари во трансакции, најмногу благодарение на примената на новата напредна платформа која е базирана на блокчејн технологија. Новата платформа BCTrade 2.0 беше лансирана во април 2018 година и користи напредни блокчејн инструменти за банкарски трансакции на клиентите на Chinese Construction Bank, па така за прв пат сумата достигна до импресивни 53 милијарди долари обрт што покажува дека инвестициите на банките во нови технологии дава резултат.

CCB дава голема поддршка на кинеските извозни фирми, па така голем дел од трансакциите се однесуваат токму на нив со што извозот значително се подобрува, како и брзината на трансакции помеѓу други финансиски и нефинансиски институции, потенцираат од раководството.

Платформата со блокчејн способности нуди факторинг и други видови на среднорочни извори на финансирање на компаниите на кои им треба свеж капитал за да ги зајакнат извозните активности, особено во периоди кога имаат засилени нарачки или пак планираат пазарна експанзија.

Со платформата управува подружницата Jianxin Financial Services со фонд на располагање од 230 милиони долари за оперирање и одржување на BCTrade 2.0. Оваа фин-тек компанија која е со седиште во Шангај исто така беше формирана во април минатата година.

„Овој потег е во согласност со економскиот план на Кина за промовирање на трговијата во рамките на иницијативата за Еден пат еден појас и за развој на реалната економија во земјата“, се вели во изјавата на банката.

Сите четири големи државни комерцијални банки во Кина – CCB, Индустриска и Комерцијална банка на Кина, Банка на Кина и Земјоделска банка на Кина – започнаа иницијативи за финансиски услуги базирани на блокчејн во изминатите две години.

ICBC, најголемата банка во светот по средства, ја искористи својата блокчејн платформа за да им помогне на малите и средни компании во факторинг-трансакциите. Банката стигна до бројка од 1.300 корисници со трансакции од 6,4 милијарди долари во првите девет месеци од нејзиното работење кое започна во минатиот февруари.

Банката на Кина го обработи својот прв меѓународен трансфер на пари во Јужна Кореја во долари преку својот патентиран систем на плаќање базиран на блокчејн минатиот август, додека пак Земјоделската банка на Кина им помогна на земјоделците да тргуваат преку интернет со користење на својот систем за финансирање на средства за електронска трговија во август 2017 година.

Централната банка на Кина започна да ја води платформата за трговија со финансии во септември 2018 година, за да им помогне на малите и средни компании да стигнат до финансии во областите меѓу Хонг Конг, Макао и провинцијата Гуангдонг во јужна Кина.

Странски банки

Светска банка: Јавниот долг драстично се зголемува бидејќи македонската економија силно е погодена од Ковид-19

Објавено

на

Светската банка не е загрижена за зголемувањето на јавниот долг во земјата. Оттаму истакнуваат дека иако јавниот долг за една година се зголемил за 10 – 11% од БДП и проценуваат годинава да достигне до 61.6% од БДП, сепак очекуваат дека буџетската дупка ледната година ќе се намали. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Кина им подели по 25 евра на граѓаните на Шенжен за популаризација на дигиталната валута

Објавено

на

Кинеските власти на 50.000 жители на Шенжен избрани по случаен избор им поделија дигитални валути во вредност од 10 милиони јуани, што е еднакво на околу 25 евра по лице. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Французинката Одил Рено-Басо е нова директорка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР)

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја избра денеска Французинката Одил Рено-Басо за нова директорка, на своето Генерално собрание кое се одржува виртуелно поради пандемијата на Ковид-19. (more…)

Продолжи со читање

Популарно