Connect with us

Колумни

Дали да користите кредитни картички или кеш на одмор?

Објавено

на

Според истражувања спроведени од американскиот портал Кредит Сезаме, дури 43% од испитаниците одговориле дека повеќе сакаат да плаќаат со кредитни картички додека се на одмор отколку со кеш. Останатите 57% преферираат кеш за плаќање. Има многу причини за ова.

Луѓето трошат помалку кога плаќаат со кеш.

Истражувањето на Кредит Сезаме покажа дека мнозинството луѓе сакаат да користат пари. Речиси 40% од испитаниците создаваат буџет за одмор и се држат до него. Тоа се оние потрошувачи кои немаат премногу пари за трошење за на одмор или веќе имаат високи салда на нивните кредитни картички и имаат тенденција да се влезе во долговни проблеми по одморите.

Луѓето се плашат дека нема да можат да платат со кредитна картичка.

Ова е чест проблем во туристичките места (особено во помалите). Рестораните и продавниците преферираат задржување на нивната ликвидност, што можат да го остварат само доколку туристите плаќаат во кеш. Доколку туристите плаќаат со картички, рестораните и продавниците треба да чекаат од 15 до 30 дена за парите да бидат префрлени на нивната сметка. Колку пати додека сте биле на одмор, ви било оневозможено да платите со картичка?

И на вас плаќањата ви се одложени.

Ова значи дека ако платите со кредитна картичка на одмор во Јули, вашата банка ќе ви повлече пари дури во Август. Па така, освен што ќе трошите пари од платата во Јули, банката ќе ви собере и дел од платата во Август, бидејќи во овој случај вие и должите пари на банката.

Користете технологија за да менаџирате со парите додека сте на одмор.

Банките ви овозможуваат постојано проверка на вашата состојба на два начини: веб апликација или Android и iOS апликации. Ова е добар помагател да знаете во секој момент колку пари имате на картичката.  Постојат и многу други апликации, кои не зависат од ниту една банка кои можат да ви помогнат да менаџирате со парите. Според Кредит Сезаме, Holiday Planner Lite е најчеста апликација која ја користат испитаниците.

Само вие го знаете вашиот буџет и колку реално можете да потрошите на дневна основа. Не заборавајте дека животот продолжува и после одморот, односно треба да живеете и кога ќе се вратите дома. Затоа, додека сте на одмор, не ги испружувајте нозете подалеку од вашата черга.

 

 

Колумни

Банкарство 2.0: Што претставува универзален банкар и зошто е потребен?

Објавено

на

Невозможно е да се оддели еволуцијата и усвојувањето на универзалните банкари од променливата улога на филијалата. Паѓањето на нивото на трансакции значи помалку филијали, а оние што остануваат се помали. Потребата за заштеда на трошоците за персонал ја забрза идејата дека помалку претставници на филијали треба да преземат повеќе должности. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Chatbots ќе играат главна улога во банкарството

Објавено

на

Не многу луѓе се чувствуваат удобно да им овозможат на другите да ја знаат состојбата на своите финансии – проверка на состојбата на трансакциската сметка, големина на хипотека, заеми, дури и колку личноста заработува. Парите, сепак, се приватни. Тоа е причината зошто chatbots ќе ја имаат главната улога во банкарството. (more…)

Продолжи со читање

Колумни

Електронска банка за правни субјекти – лесен и сигурен одговор на модерните предизвици

Објавено

на

Примарната дејност на Банките е да посредуваат помеѓу сопствениците на вишок капитал и оние кои имаат потреба од капитал. При извршувањето на својата дејност банките секогаш се трудат да ги задоволат потребите на клиентите, да го пратат и поддржуваат нивниот развој и да понудат беспрекорни услуги. Следејќи ги потребите на клиентите, пазарните движења и развојот на новите технологии, банките развиваат и усовршуваат платформи (меѓу кои и електронската банка), преку што ја унапредуваат соработката со своите клиенти, на начин кој значително им го олеснува работењето, особено во платниот промет кој е суштинска банкарска операција. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange