Connect with us

Останато

Дали вакцината за Ковид-19 ќе чини цело богатство или ќе биде достапна за сите!?

Објавено

на

Неколку компании се вклучени во развојот на вакцина против Ковид-19, а јавноста е во дилема кому да верува: на истокoт или на западот. Треба ли да застанеме зад вакцината произведена од Германците во соработка со Американците или да застанеме зад руската или кинеската вакцина?

Иако деновиве првенствено се води полемика за вакцината на „BioNTech” (во соработка со „Pfizer”), таа би била доста поскапа од вакцината на компанијата „AstraZeneca“, т.н. „Оксфорд вакцинa“. Претпоставка е дека вторите би можеле да бидат подоминантни на глобално ниво, како резултат на веројатно најниската цена на пазарот – од 3 до 4 долари по доза, а потребно е да се примат две дози за да делуваат антителата од вакцината.

Во јавноста кружи информација дека вакцината на „BioNTech” би чинела околу 16 долари, а исто така потребно е да се примат две дози од вакцината во рок од 28 дена. Недостаток на оваа вакцина не е нејзината ефикасност, бидејќи е докажано дека е многу ефикасна, туку методот на складирање што е потребен дури и за развиените земји. Предизвикот е што оваа вакцина мора да се чува на минус 70 степени.

Од друга страна, вакцината на американската фармацевтска компанија „Moderna”, треба да чини помеѓу 50 и 60 долари по доза. Две дози од кинеската вакцина на компанијата „Sinovac“ чинат исто, а веќе е во продажба откако ја доби дозволата.

Очекуваната цена на вакцината „Johnson & Johnson“ би била околу 10 евара по доза, а се базира на генетски модифициран аденовирусен вектор, сличен на оној што го направи „AstraZeneca”. И, конечно, дојдовме до познатата руска вакцина „Sputnik V”, која треба да чини околу 10 долари за две дози.

Ова значи дека веќе неколку компании имаат соодветна вакцина против вирусот Ковид-19, цената е достапна за сите граѓани, но најголемиот предизвик е на кого да му се верува, да се прими вакцината со цел заштита од смртоносниот вирус без да се добијат негативни последици односно нус појави.

Останато

Лагард: Да се регулира тргувањето со биткоинот поради перење пари

Објавено

на

Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, повика на глобално регулирање на трговијата со биткоин, наведувајќи дека оваа дигитална валута во некои случаи се користи за активности за перење пари и дека е потребно да се затворат сите „дупки“ во регулативата, пренесува „Reuters“. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Биткоинот повторно достигна вредност од близу 40.000 американски долари

Објавено

на

Вредноста на биткоинот повторно се искачи на близу 40 илјади американски долари. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Директорката на ММФ, Кристалина Георгиева ги повика владите во светот да трошат што е можно повеќе

Објавено

на

Креаторите на политики ширум светот треба желно да прифаќаат зголемување на трошоците за да помогнат во заживување на нивните погодени економии, изјави шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Гергиева на годишниот руски економски форум „Гајдар”. (more…)

Продолжи со читање

Популарно