Connect with us

Анализи

Дали банкарите ќе исчезнат со вештачката интелигенција?

Објавено

на

Напливот на новите технологии за автоматизирање на работните процеси, за употреба на вештачката интелигенција во текот на работењето и опслужувањето на клиенти, како и управувањето со големите бази на податоци, носи голема закана за вработените во банкарскиот сектор.

Според прогнозите за следните десет до дваесет години, значително ќе се намалува бројот на „банкари“. Вработените во банките, како што се оперативци во кол центри, аналитичари на податоци, како и шалтерските работници, се помалку ќе бидат потребни во работниот процес.

Автоматизацијата им се заканува на голем број на индустрии, па затоа потребно е да се преземат суштински реформи во образованието со цел да се подготват кадрите за преквалификација во нови области на пазарот на трудот каде ќе има потреба од нив, на пример во системската администрација, big data, и слично.

Затоа се предвидува дека на „банкарите“ првично ќе им биде тешко да се преориентираат на пазарот на трудот кога ќе се случи првиот бран на големи кратења на работните места. Тоа веќе е најавено во повеќе банкарски конгломерати како Дојче Банк, Сити банк и други. Илјадници вработени во банките и финансиските институции ќе мора да бараат решение за својот статус штом започнат да се применуваат новите технологии.

А, банките како сектор се меѓу најголемите вложувачи во нови методи, процеси и системи базирани на современа технологија со цел да останат компетитивни со фин-тек стартапите и новите компании кои нудат брзи, ефикасни и евтини финансиски и банкарски услуги.  Банките со новите технологии ќе ги намалат своите трошоци, агентите за продажба ќе бидат заменети од автоматизирани системи за анализа и маркетинг, чат ботови ќе ја водат комуникацијата со клиенти, а ќе се намалат и трошоците за регрутирање на кадри.

Според проценките во прашање ќе бидат доведени околу 200 илјади работни места во банкарската индустрија само во САД во наредните 10 години.

Анализи

Топ 5 плати во Македонија: Банкарите помалку платени од ИТ индустријата и фармацевтите

Објавено

на

Државниот завод за статистика објави дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јули 2020 година изнесува 27 231 денари, а на прво место гледано по дејности останува секторот компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности со просек од 68.557 денари. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Осумте банки заинтересирани за соработка со Пошта до крајот на месецот треба да достават понуди

Објавено

на

До крајот на месецот банките кои изразија интерес да го вршат платниот промет во единиците на Пошта АД треба да одговорат на писмото што го испрати Пошта до нив за условите што ги нудат, по што процесот ќе продолжи со состаноци меѓу двете страни и избор на оној што ќе го преземе платниот промет во поштенските единици што претходно го имаше Еуростандард банка. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Инвеститорскиот ден ги однесе акциите на Македонска берза во зелена зона

Објавено

на

Кризата предизвикана од вирусот Ковид-19 полека но сигурно се наминува, а за Македонската берза може да се каже дека таа е веќе минато. Акциите кои котираат на берзата ја стабилизираа својата вредност, по високиот пад што го бележеа додека коронавирусот енормно ги рушеше сите светски берзи, вклучително и нашата. (more…)

Продолжи со читање

Популарно