Connect with us

Осигурување

Дали ако штедиме во банка парите ни се осигурани?

Објавено

на

Фондот за осигурување на депозити претставува специјализирана државна финансиска институција формирана со цел да обезбеди осигурување на депозитите на граѓаните во банките и штедилниците во Република Македонија и обесштетување на осигурените депозити во банките, филијалите на странските банки и штедилниците, во кои настанал ризичен настан.

Под депозити, согласно законот за Фондот, се подразбираат денарските и девизните депозити, сертификатите за депозити, трансакциските сметки, депозитите врзани за парични картички и девизни приливи на физичките лица.

Со осигурувањето на депозитите во банките, филијалите на странските банки и штедилниците Фондот придонесува во одржувањето на стабилноста и довербата на јавноста во банкарскиот и финансискиот систем на земјата. Со денот на пристапување на Република Македонија во Европската унија ќе се осигуруваат и депозитите на правните лица – мали трговци.

Инструментите во кои може да инвестира Фондот се:

  1. Хартии од вредност издадени од страна на Република Македонија и од Народната банка на Република Македонија со рок на пристигнување до дванаесет месеци од нивното стекнување од страна на Фондот (во понатамошниот текст: хартии од вредност)  и
  2. Должнички хартии од вредност издадени од странски држави, централни банки или јавни меѓународни финансиски институции, рангирани од страна на најмалку две меѓународно признати агенции за оценка на кредитниот ризик во една од двете највисоки категории, во висина на осигурените депозити што гласат на странска валута.

Фондот за осигурување на депозити ги осигурува следните видови на депозити:

  1. Трансакциските сметки;
  2. Денарските и девизните депозити (штедни книшки);
  3. Сертификатите за депозити;
  4. Депозитите врзани за парични картички и
  5. Девизните приливи на физичките лица.

Сите банки, филијали на странски банки и штедилници во Република Макeдонија се членки на Фондот за осигурување на депозити и имаат обврска да плаќаат премија за осигурување на депозитите на физичките лица. На видни места на шалтерите во банките и штедилниците има истакнато соопштенија до штедачите со информација дека депозитите на физичките лица во таа банка или штедилница се осигурени во Фондот за осигурување на депозити.

Од формирањето на Фондот во јануари 1997 година до 31.12.2017 година, се случиле вкупно 11 ризични настани. Вкупната пресметана обврска за обесштетување од единаесетте поранешни членки на Фондот изнесува 1.522,8 милиони денари.

Од 1997 година до 31.12.2017 година се обесштетени вкупно 20.042 штедачи во вкупен износ од 1.371,35 милиони денари што претставува 90,05% исплатени обврски од Фондот за обесштетување кон штедачите. Останатите 9,95% претставуваат обврска за обесштетување во вкупен износ од 151,46 милиони денари кон 101.909 штедачи кои од лични причини не го оствариле своето право на обесштетување од Фондот. Анализата на структурата на овие штедачи укажува дека над 50% од нив имаат поединечни депозити – предмет на обесштетување помеѓу 100 денари и 1.000 денари кои можеби поради неатрактивноста на износот и покрај бројните јавни повици за можноста да го остварат своето право на обесштетување сепак истото не го остваруваат

Депозитите се осигурени во Фондот до износ од 30.000 евра во денарска проттиввредност. Доколку на Фондот му недостасуваат ликвидни средства за исплата на осигурените депозити на физичките лица, Министерството за финансии може да изврши откуп пред рокот на достасување на хартиите од вредност издадени од страна на Република Македонија кои се во сопственост на Фондот. Откупот се врши без објавување на јавен повик.

Домашни банки

Халкбанк ќе отвори своја осигурителна компанија

Објавено

на

По информацијата објавена од Македонската берза дека акциите на „Нова Осигурување АД Скопје” се продадоа за вкупно 3,2 милиони евра во две блок-трансакции, „Халкбанк АД Скопје” и официјално потврди дека сега поседуваат 100 отсто од капиталот на осигурителната компанија.

(more…)

Продолжи со читање

Осигурување

КРОАЦИЈА ОСИГУРУВАЊЕ ОСТАНУВА СИГУРЕН ПАРТНЕР НА МАКЕДОНСКИОТ РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН РАКОМЕТ

Објавено

на

Во пресрет на дваесет и шестото Светско првенство во ракомет, кое од утре (10.01.) до 27-ми јануари се одржува во Германија и Данска, Кроација осигурување – Друштво за неживотно осигурување го продолжи парнерството со Ракометната федерација на Македонија. На тој начин компанијата даде придонес во обезбедување на неопходните предуслови за уште едно успешно учество на нашите репрезентативци на најголемото ракометно натпреварување оваа година.  (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Кроација Осигурување – Живот го демантира Винер Лајф со Факти

Објавено

на

Кроација Осигурување – Живот го демантира Винер Лајф со Факти откако во јавноста беше објавено интервју со Марко Дамевски, Менаџер за продажба во Винер Лајф. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange