Connect with us

Домашни банки

ДАЛЕКУ ПРЕД КОНКУРЕНТИТЕ – Стопанска банка АД – Скопје оствари добивка од 17,8 милиони евра во првите 6 месеци од 2021 година

Објавено

на

Во текот на првата половина од 2021 година Стопанска банка АД – Скопје продолжи со успешно работење. Како резултат на тоа, на крајот на јуни 2021 година добивката пред оданочување изнесува 1.215.788 илјади денари, што е зголемување за 15 проценти во споредба со истиот период од претходната година. За истиот период, вкупната актива на Банката останува речиси непроменета во износ од 105.655.161 илјади денари.

Стабилните фундаменти на Банката, изразени преку високата капитална и ликвидносна позиција, успешниот бизнис-модел, прудентниот пристап во управувањето ризиците, како и воспоставените принципи на добро корпоративно управување, овозможуваат и во услови на големи предизвици и негативни влијанија од пандемијата на ковид-19 Банката да продолжи со долгогодишното успешно работење и да остварува високи резултати.

Во натамошниот текст се претставени одделните позиции од билансот на успех и од билансот на состојба на Банката.

Биланс на успех 

Нето-приходите од камати изнесуваат 1.888.986 илјади МКД и се зголемени за 3 проценти, во однос на истиот период од минатата година, што е резултат на зголеменото кредитно портфолио и намалените расходи за камата поради надолниот тренд на каматните стапки.

Нето-приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 391.733 илјади денари и се зголемени за 11 проценти во однос на првото полугодие од 2020 година како резултат на зголемениот обем на активности, пред сè во делот на платниот промет.

Нето-приходите од курсни разлики се зголемени за 28 проценти во однос на истиот период од минатата година и изнесуваат 61.073 илјади МКД како резултат на зголемениот волумен на тргувања на девизниот и на менувачкиот пазар.

Другите приходи од дејноста забележаа зголемување од 39 проценти и изнесуваат 189.887 илјади МКД.

Оперативните трошоци (трошоци за вработени, амортизација и други расходи) во првиот квартал од годината изнесуваат 881.922 илјади денари и се незначително зголемени за 1 процент во однос на минатата година, најмногу поради зголемените трошоци предизвикани од примената на мерките поради пандемијата на ковид-19.

Во анализираниот период, Стопанска банка АД – Скопје издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансната изложеност, на нето-основа во износ од 443.383 илјади денари, која е речиси на исто ниво со истиот период од претходната година.

Биланс на состојба

Вкупната актива изнесува 105.655.161 илјади денари и е речиси на исто ниво во однос на крајот на минатата година.

Паричните средства и парични еквиваленти се пониски за 1.041.079 илјади денари, односно за 6 проценти, како резултат на кредитната активност на Банката, односно остварениот пораст на кредитното портфолио.

Кредитите на други комитенти и побарувањата од други комитенти за првите шест месеци од годината остварија пораст од 4 проценти и изнесуваат 73.728.721 илјади МКД.

Кредитите на банки и побарувањата од банки изнесуваат 237.148 илјади денари и бележат зголемување од 6 проценти.

Вложувањата во хартии од вредност изнесуваат 12.784.407 илјади денари, што претставува намалување од 13 проценти во однос на минатата година поради пренасочување на овие средства во кредитни активности во согласност со деловната политика на Банката

Другите побарувања се намалени за 3 проценти и изнесуваат 1.445.232 илјади МКД.

Вкупните депозити на други комитенти изнесуваат 85.093.853 илјади денари и се намалени за 2 проценти, пред сè поради сезонските влијанија што придонесуваат нивото на депозити на крајот на годината да е повисоко од вообичаеното. Доколку споредбата се направи со 30.6.2020 година, нивото на депозити на крајот на јуни 2021 година е зголемено за 1.920.328 илјади МКД.

Капиталот и резервите изнесуваат 18.470.732 илјади денари, што претставува зголемување за 6 проценти поради извршената капитализација на дел од добивката во износ од 17 милиони ЕУР во денарска противвредност, со што акционерите на Банката ја покажаа својата континуирана посветеност во остварување на воспоставените деловни цели и перспективите на Банката, во најдобар интерес на сите засегнати страни и на економијата во целина.

Вложувања или продажба на материјални средства (недвижен имот, постојки и опрема) или значителен отпис (поголем од 30 проценти од вредноста на средството во споредба со последните годишни ревидирани финансиски извештаи).

Недвижностите и опремата бележат намалување за 3 проценти.

Промени во кредитните задолжувања (намалувања или зголемување поголеми од 30 проценти, во споредба со последните годишни ревидирани финансиски извештаи)

Обврските по кредити изнесуваат 518.157 илјади денари и се намалени за 11.383 илјади денари.

Домашни банки

Шпаркасе предупредува: Забележани се „phishing“ напади, бидете внимателни!

Објавено

на

Шпаркасе банка информираше дека се забележани „phishing“ напади од страна на непознато лице кое го фалсификува идентитетот на Охридска Банка АД Скопје, и кое го користи логото на банката, обидувајќи се да извлече податоци преку праќање на мејлови. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

На Halk Velo Green од 233 учесници се собраа 184.500 денари наменети за пошумување

Објавено

на

На хронометар велосипедската трка Halk Velo Green што Халкбанк АД Скопје ја организираше на 8 Септември, во Маврово, учествуваа 233 велосипедисти кои преку плаќање на котизација дадоа свој придонес за собирање на 184.500 мкд кои се наменети за пошумување на локација каде што има потреба од истото.  (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Огромно срце за сите на точак – нов #ВозиПравоВозиЗдраво предизвик за #НеделаНаМобилност

Објавено

на

Овие денови пред 6 години Стопанска банка АД – Скопје го организираше првото издание на „Вози право, вози здраво“ и почна да ја „вози“ заедно со своите поддржувачи оваа приказна за грижа за нашата животна средина и за развој на вело културата! (more…)

Продолжи со читање



Популарно