Останато
Гугл ќе инвестира една милијарда долари во економското закрепнување на Италија


Американскиот технолошки гигант „Google“ објави дека ќе инвестира повеќе од 900 милиони долари во следните пет години за да и помогне на Италија во нејзиното економско закрепнување како резултат на корона кризата.
„Google е горд што е партнер во економското закрепнување на Италија. Денес ја најавуваме „Italia in Digital“, нов план за забрзување на економското закрепнување на земјата со нудење поддршка за деловните субјекти и лицата кои бараат работа“, рече извршниот директор на „Google“, Сандер Пичаи.
Идејата е да се забрза економското закрепнување на оваа земја по пандемијата на коронавирусот со нудење алатки, обука и партнерства за деловните субјекти и луѓето кои ги загубија своите работни места.
„Google сега е посветен да им помогне на повеќе од 700.000 Италијанци, со цел до крајот на 2021 година вкупната бројка да достигне повеќе од еден милион“, се вели во соопштението на компанијата.
Италија е една од најтешко погодените земји во Европа и корона кризата најмногу влијае на угостителството, логистиката, транспортот и трговијата.
Како што покажува италијанскиот институт за статистика (ИСТАТ), кризата зафати 34% од италијанското производство.
Активностите и работењето на 2,2 милиони компании, исто така, беа суспендирани, што претставува 49% од вкупниот износ, додека 65% од целокупниот извоз беше затворен.
Останато
Од 28-ми започнува етапната исплата на јунските пензии


Владата на Република Северна Македонија на последната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27 јуни. (more…)
Останато
Инфлацијата во Велика Британија највисока во последните 40 години


Инфлацијата во Велика Британија се зголеми на 9,1 проценти на годишно ниво во мај, што е највисоко во изминатите 40 години, покажува извештајот објавен од Националната канцеларија за статистика на Обединетото Кралство. (more…)
Останато
Економиите на САД и ЕУ во пад, расте ризикот од глобална рецесија


Економиите на САД и на Европската Унија покажуваат значаен пад во јуни, како резултат на порастот на цените за храната, цените на енергенсите и намалената побарувачка на останатите производи и услуги. Со тоа се зголемува ризикот за глобална рецесија. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје