Останато
Гувернерот на Централната банка на Италија: Се очекува силен пад на БДП кој ќе резултира со помалку работни места и зголемена невработеност


Гувернерот на Централната банка на Италија, Игнацио Виско Бруто, предвиде дека по пандемијата на коронавирусот во оваа земја, бруто домашниот производ може да се намали помеѓу 9 и 13 проценти во наредните месеци, а како што рече, можна е значително зголемена невработеност, социјално незадоволство и зголемен број на сиромашни семејства.
Според гувернерот, ќе биде многу тешко да се предвиди како ќе се развива „пост-корона“ ситуацијата понатаму, но дека „единственото нешто што е сигурно е дека сè уште ништо не се знае со сигурност“.
„Она што можеме да го потврдиме е дека проблемите на италијанските семејства ќе се зголемуваат, ќе има помалку работа, потрошувачката ќе се намали, затоа што луѓето ќе гледаат да заштедат што повеќе бидејќи иднината ќе биде многу неизвесна“, рече Виско Бруто.
Тој ги поддржа мерките преземени од владата на премиерот Конте за санирање на последиците од пандемијата на коронавирусот и ги повика сите социјални субјекти да „раскинат” со инерцијата на старите навики и да ја вратат можноста за развој и раст на економијата.
Останато
Од 28-ми започнува етапната исплата на јунските пензии


Владата на Република Северна Македонија на последната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27 јуни. (more…)
Останато
Инфлацијата во Велика Британија највисока во последните 40 години


Инфлацијата во Велика Британија се зголеми на 9,1 проценти на годишно ниво во мај, што е највисоко во изминатите 40 години, покажува извештајот објавен од Националната канцеларија за статистика на Обединетото Кралство. (more…)
Останато
Економиите на САД и ЕУ во пад, расте ризикот од глобална рецесија


Економиите на САД и на Европската Унија покажуваат значаен пад во јуни, како резултат на порастот на цените за храната, цените на енергенсите и намалената побарувачка на останатите производи и услуги. Со тоа се зголемува ризикот за глобална рецесија. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје