Connect with us

НБРМ

Гувернерката на НБРМ учествува на Финансискиот форум на Еурофи во Виена

Објавено

на

Гувернерката на Народната банка на Република Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска учествува на Финансискиот форум организиран од меѓународната организација Еурофи. Оваа организација претставува платформа за размена на ставови и за дискусија помеѓу претставниците на секторот за финансиски услуги и на институциите носителки на политики во однос на прашања поврзани со регулативата и супервизијата на финансискиот систем, како и прашања од поширок економски контекст.

На Форумот којшто се одржува во Виена, Австрија и којшто организациски е поддржан од Австриското претседателство на Советот на Европската Унија, покрај членовите на Еурофи, учествуваат и високи претставници на меѓународните финансиски институции, на министерствата за финансии на тринаесет држави членки на ЕУ, членови на Европската комисија и на Европскиот парламент, како и високи претставници на Европската централна банка и на централни банки на петнаесет држави, меѓу кои од Балканот се гувернерката на НБРМ и гувернерот на Хрватската народна банка.

Во рамки на Форумот, фокусот е ставен на актуелни прашања поврзани со макроекономските и системските предизвици, можностите коишто произлегуваат од воведувањето нови технологии и развојот на одржливи финансии, дискусии околу развојот на алтернативно финансирање во рамки на ЕУ, како и на прашања поврзани со натамошните чекори во однос на процесот на европска интеграција. Во контекст на последното прашање, посебен акцент е ставен на оптимизирањето на банкарската унија, улогата на дигитализацијата за интегрирани финансиски услуги, практичните аспекти на процесот на Брегзит, но и на прашањата за приоритетите во однос на развојот на финансиските пазари и финансиската поддршка за инвестирање во земјите на Централна, Источна и Југоисточна Европа.

Последното прашање ќе биде разгледано на панел-дискусија, на којашто активно учество како излагач ќе има и гувернерката Ангеловска-Бежоска. Во дискусијата со која ќе претседава истакната австриска економистка г-а Гертруде Тумпел-Гугерел, како излагачи ќе учествуваат и директорката за стратешки анализи за Југоисточна Европа во Европската инвестициска банка, д-р Дебора Револтела, раководителот на Одделението за финансиски политики на Постојаното претставништво на Република Словачка во Европската Унија во Брисел и потпретседател на Центарот за финансиски иновации при Словачкото министерство за финансии, м-р Петер Палуш, претседателот на Одборот на гувернери на Букурешката берза, д-р Лучан-Клаудиу Ангел, раководителот на Одделот за ЦИЈИЕ на „Уникредит“, г. Карло Вивалди и управниот директор на американската глобална корпорација за управување со инвестиции „Блекрок“, г. Јенс-Кристијан Хејгел.

Во рамките на оваа панел-дискусија ќе бидат разгледани главните ограничувачки фактори на финансирањето и инвестирањето во земјите на ЦИЈИЕ, ќе се идентификуваат клучните точки каде што има потреба за дополнително и алтернативно финансирање, ограничувачките фактори за поголема понуда на кредити и за развој на финансиските пазари во целина, како и улогата на различните иницијативи (Виенската иницијатива, мерките за формирање унија на пазар на капитал, иницијативата СРСС во рамките на ЕУ и слично) во поддршката на развојот на финансиските пазари.

Осврт на гувернерката Ангеловска-Бежоска за финансиските и инвестициските предизвици во регионот на ЦИЈИЕ е објавен и во специјалното издание на магазинот на Еурофи, подготвено по повод одржувањето на овој форум, значаен во глобални рамки.

НБРМ

Ангеловска-Бежоска на 7. средба на гувернерите од регионот

Објавено

на

Во изминативе години се забележува побрз раст на секторот финтек во Централна и Југоисточна Европа, иако тој значително заостанува зад оној во развиените економии. Финансиските иновации поттикнати од финтек-компаниите во основа водат до подобри и поконкурентни финансиски услуги, а истовремено поттикнуваат поголема конкуренција и иновирање кај традиционалните финансиски институции – банките“ – истакна гувернерката на Народната банка, д-р Анита Ангеловска-Бежоска на 7. средба на гувернерите од регионот, којашто се одржа вчера во Савудрија, Хрватска. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

НБРМ донесе одлука за намалување на основната каматна стапка на ниво од 2,25%

Објавено

на

Централна Банка

На 12 март 2019 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Македонците сеуште практикуваат плаќање во кеш, но тој тренд полека се менува

Објавено

на

Статистичките податоци на Народната банка за септември 2018 година покажуваат дека од вкупниот број трансакции реализирани со кредитни трансфери или приближно пет милиони, во хартиена форма се реализирани 2.896.599 трансакции, додека електронски 2.069.280. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange