Connect with us

НБРМ

Гувернерката на НБРМ оствари средби со високи претставници на ММФ и Светската банка

Објавено

на

Гувернернерката на Народната банка на Република Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, во рамки на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ), оствари средби со високи претставници на двете меѓународни институции, вклучувајќи средби со извршниот директор на ММФ, г. Ентони де Ланој, директорот на Дирекцијата за Европа на ММФ, г. Пол Томсен, извршниот директор на СБ, г. Франк Хемскирк, потпретстедателот на Светската банка, г. Сирил Мулер, потпретседателите на ИФЦ, г-а Џорџина Бејкер и г. Вибке Шломер, менаџерски тимови од инвестициски фондови и банки, како и со други високи претставници.

Гувернерката Ангеловска-Бежоска оствари и состаноци со раководителите на неколку дирекции на ММФ, вклучувајќи ги дирекциите за статистика, за монетарни и капитални пазари и за фискални работи. За време на овие состаноци се разговараше за постигнатите резултати од досегашната успешна соработка со ММФ и можностите за дополнително унапредување на работата на НБРМ, преку техничка и советодавана соработка во областите на стандардите за статистичко известување и унапредување на моделите за економско проектирање.

Заедно со министерот за финансии, д-р Драган Тевдовски, гувернерката на НБРМ ја предводеше делегацијата на Република Македонија на годишните средби на ММФ и Светската банка, коишто оваа година се одржуваа во Индонезија. На настанот учествуваа гувернери на централни банки и министри за финансии на земјите членки на ММФ и СБ. Дискусиите беа поврзани со одржливиот раст на економијата на светско, регионално и државно ниво, намалувањето на сиромаштијата и промовирањето инклузивен развој за сите целни групи во општеството.

НБРМ

Гувернерката Ангеловска-Бежоска претседаваше со сесијата за монетарна политика на конференцијата на Централната банка на Белгија

Објавено

на

На 15 и 16 февруари годинава, гувернерката на Народната банка, д-р Анита Ангеловска-Бежоска учествуваше на конференцијата на високо ниво „Предизвиците на политиките и новите форми на бизнис во дигиталната ера“ организирана од Централната банка на Белгија. На овој значаен настан којшто се одржа во Бриж, во регионот Фландрија, учествуваа гувернери и заменици на гувернери на централни банки, вклучително и вицегувернерката м-р Емилија Нацевска, како и високи претставници на меѓународни финансиски институции и професори на реномирани истражувачки и универзитетски центри од Европа.

Во рамки на конференцијата беа одржани три тематски сесии од кои една беше посветена на предизвиците на монетарната политика во новата дигитална средина. Со оваа сесија претседаваше гувернерката Ангеловска-Бежоска, а учесници беа и д-р Беноа Мојон, раководител за економски анализи во Банката за меѓународни порамнувања и д-р Клас Кнот, гувернер на Банката на Холандија. Фокусот на одделните излагања и на дискусијата водена на оваа сесија беше насочен кон можните ефекти од растечката дигитализација врз ценовната стабилност, спроведувањето на монетарната политика и одржувањето на финансиската стабилност. Притоа, меѓу другото, беше потенцирано дека најновите финтек трендови, коишто значат поголема и подостапна понуда на финансиски услуги за населението, а со тоа и повисока финансиска инклузија, засега немаат позначително влијание врз централнобанкарските активности. Сепак, на сесијата беше нагласено дека со оглед на брзината и природата на промените во дигиталната сфера, во меѓународни рамки останува потребата од следење и натамошна проценка на можните ефекти и соодветно приспособување на политиките.

Поканата упатена до гувернерката Ангеловска-Бежоска да претседава со оваа сесија на значајната конференција во Бриж е уште една потврда и на високиот углед којшто нашата централна банка го има во рамки на европската централнобанкарска заедница. Впрочем, меѓу говорниците на конференцијата, гувернерката Ангеловска-Бежоска беше и единствениот висок претставник на централна банка на земја којашто сѐ уште не е член на Европската Унија.

Своето учество на конференцијата организирана од белгиската централна банка, таа го искористи и за да оствари повеќе билатерални средби со колеги од Европа, во кои акцентот беше ставен на натамошниот развој на меѓународната активност на нашата централна банка и на нејзиното цврсто чекорење по патот којшто води до Европскиот систем на централни банки. Истовремено, во разговорите со своите колеги од Европа, гувернерката Ангеловска-Бежоска размени и мислења за повеќе актуелни прашања коишто ја засегаат севкупната европска економија и за предизвиците за централните банки во натамошниот период.

Продолжи со читање

НБРМ

НБРМ ја задржа каматната стапка на благајничките записи на нивото од 2,5%

Објавено

на

На 12 февруари 2019 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Банкноти со “Република Северна Македонија” на почетокот од 2020 година

Објавено

на

Менувањето на банкнотите на кои ќе треба да стои новото име Република Северна Македонија ќе почне од идната година, соопштија од Владата која издаде серија на обврски со сите државни институции за почеток на примена на новото име. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange