Connect with us
P2_P_MK_1600x400

НБРМ

Гувернерката на НБРМ: Новинарите се едни од главните афирматори на пораките на монетарната политика

Објавено

на

Во текот на вчерашниот ден во просториите на Народната банка на Република Македонија беше одржана традиционалната работилница за новинари. 

 „Комуникацијата е тековен предизвик за централните банки. Веќе е неспорно дека ефективната комуникација на централнобанкарските институции со јавноста секогаш ќе се одликува со одреден степен на флексибилност и приспособливост, во зависност не само од економското опкружување, туку и од интересот на јавноста и трендовите во делот на каналите и медиумите за комуникација и информирање, коишто поради развојот на технологијата и дигитализацијата, секојдневно се менуваат, се развиваат, се унапредуваат. Постојаното јакнење на транспарентноста, односно унапредувањето и развивањето на комуникацијата со јавноста, вклучително и со носителите на јавното информирање е предизвик и за Народната банка на Република Македонија. На редовна основа посветено работиме за да одговориме соодветно на предизвикот, и тоа истовремено посветувајќи внимание на двата пункта на комуникацијата – непосредната комуникација со јавноста и комуникацијата со медиумите. Притоа, настојуваме да не биде зголемен само интензитетот, туку и квалитетот на нашата комуникација.“ – истакна гувернерката на НБРМ, д-р Анита Ангеловска-Бежоска во своето поздравно обраќање на Работилницата за новинари организирана од централната банка вчера во Скопје.

Притоа, таа им порача на новинарите, дека за НБРМ, тие се  едни од главните афирматори на пораките на монетарната политика пред пошироката јавност. „Не во смисла на наши гласноговорници, туку како индивидуи и професионалци чиј збор има тежина за јавноста, а коишто катадневно ја следат нашата работа“ – истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска.

Годинешново издание на Работилницата на коешто имаше најголем број учесници досега, се одликуваше со различен формат и концепт од досегашните, што е резултат и на обидот на НБРМ да го следи интересот на новинарите, како и нивните препораки искажани во текот на досегашната успешна соработка на централната банка со нив. Меѓу другото, во годинешниот концепт беше предвидено и повеќе време за дискусија и интеракција со учесниците.

Работилницата беше фокусирана на две мошне важни теми, често присутни во новинарските текстови, прилози и анализи ‒ Анкетата на НБРМ за кредитната активност на банките и профитабилноста на банкарскиот сектор. Притоа, на овие теми беа одржани презентации од д-р Неда Поповска-Камнар од Дирекцијата за монетарна политика и истражување и м-р Михајло Васков од Дирекцијата за финансиска стабилност и банкарска регулатива при НБРМ. По секоја од презентациите се водеше и дискусија со учесниците, при што се одговорија повеќе нивни прашања.

Во завршниот дел на настанот, главната економистка на НБРМ, д-р Анета Крстевска, којашто и претседаваше со Работилницата, имаше излагање што претставуваше осврт кон централнобанкарската комуникација во практиката, со одделен акцент на комуникацијата на НБРМ. Меѓу другото, беше посочено дека повеќето извештаи на НБРМ, како и објави на статистички податоци веќе се сумираат во посебни соопштенија, што значително ја олеснува комуникацијата со јавноста. Беа презентирани и податоците за индексот на транспарентност на централните банки, со посебен акцент на НБРМ. Динамички гледано, индексот на транспарентност на НБРМ покажува постојано зајакнување на комуникацијата на НБРМ со јавноста во доменот на монетарната политика, при што меѓу централните банки од регионот, НБРМ е лидер според степенот на транспарентноста. Во рамки на излагањето на главната економистка на НБРМ, одделно внимание им беше посветено и на согледувањата на комуникацијата на медиумите од практиката.

На Работилницата, покрај тоа што се разговараше за темите коишто беа во нејзиниот фокус, се водеше дискусија и за искуствата на новинарите во комуникацијата со НБРМ во текот на изминатава година. Притоа беа прибрани и нивни препораки коишто ќе бидат разгледани и ќе бидат земени предвид при натамошното унапредување на односите на централната банка со јавноста.

Работилницата заврши со дружење на коешто покрај учесниците, присуствуваа и уредници на средствата за јавно информирање и голем дел од новинарите коишто контактираа со НБРМ во 2018 година, присуствувајќи на организираните конференции за печатот, научни конференции и други настани, како и преку поставување прашања поврзани со централнобанкарското работење.

И во натамошниот период, НБРМ ќе го подигнува нивото на својата транспарентност, унапредувајќи ги начинот, формата и каналите на комуникација, при што тимот на централната банка ќе се труди таа секогаш да биде општествено одговорна институција чија комуникација со претставниците на средствата за јавно информирање ќе биде на највисоко и најпрофесионално ниво и ќе биде пример за другите.

НБРМ

Кредитите и депозитите и натаму бележат раст

Објавено

на

Депозитите и кредитите и натаму бележат раст. Податоците на Народната банка покажуваат дека вкупните депозити оствариле годишно зголемување од 11,1%, додека кредитите за 9%. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска и Тевдовски на Пролетните средби на ММФ и Светската банка во Вашингтон

Објавено

на

Делегација предводена од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии, Драган Тевдовски учествува на Пролетните средби на групацијата на Светскатa банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Вашингтон, САД. Предвидено е делегацијата да оствари средби со високи претставници на ММФ, СБ, Европската инвестициска банка (EИБ) и Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), како и со претставници на други меѓународни финансиски организации и институции. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска на Конференција на Европската комисија: Релативно високиот степен на поврзаност на нашиот финансиски систем со европскиот носи бројни придобивки за нашата економија

Објавено

на

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вчера, во Виена, учествуваше на конференцијата „Гледајќи назад, гледајќи напред“ организирана по повод петнаесетгодишнината од првиот бран на проширување на Европската Унија (ЕУ), кога во неа пристапија единаесет земји од Балтикот, Централна и Југоисточна Европа (ЦЈЕ). Во рамки на панел-дискусијата посветена на финансиската интеграција, Ангеловска-Бежоска особено се осврна на развојот и карактеристиките на финансискиот сектор на земјава. (more…)

Продолжи со читање
project

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange