Connect with us

НБРМ

Гувернерката на НБРМ на Форумот на централно банкарство на ЕЦБ

Објавено

на

Гувернерката на Народната банка на Република Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, учествува на Форумот на централно банкарство на Европската централна банка (ЕЦБ), којшто традиционално се одржува во Синтра, Португалија.

Годинешново издание на Форумот започна вчера и тематски е посветено на одредувањето на цените и платите во напредните економии – тема којашто во изминатиов период зазема централно место во дебатите за монетарна политика на глобално ниво. Денес, по обраќањето на претседателот на ЕЦБ, г. Марио Драги, учесниците на Форумот дискутираат за макроекономските аспекти на оваа тема, додека сесијата и панел-дискусијата коишто ќе се одржат утре се посветени на нејзиниот микроекономски аспект. Во текот на утрешниот ден, на Форумот ќе се одржи и панел-дискусија за политиките на централните банки.

На Форумот, покрај највисоките претставници на ЕЦБ и гувернерите на централните банки, учествуваат и професори од најреномираните универзитети од Европа и САД и значајни учесници на меѓународните финансиски пазари.

Во Синтра, гувернерката Ангеловска-Бежоска ќе оствари и одделни разговори со повеќе гувернери на централни банки, со високи претставници на меѓународните финансиски институции и организации и со истакнати меѓународни експерти за монетарна политика. Нејзиното учество на годинешниот Форум на централно банкарство на ЕЦБ е уште една потврда на определбата на НБРМ да чекори по патот којшто води кон Европскиот систем на централни банки.

НБРМ

НБРМ ја задржа каматната стапка на благајничките записи на нивото од 2,5%

Објавено

на

На 12 февруари 2019 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Банкноти со “Република Северна Македонија” на почетокот од 2020 година

Објавено

на

Менувањето на банкнотите на кои ќе треба да стои новото име Република Северна Македонија ќе почне од идната година, соопштија од Владата која издаде серија на обврски со сите државни институции за почеток на примена на новото име. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

НБРМ усвои две стратегии за јакнење на финансиската стабилност во земјава

Објавено

на

Народната банка на Република Македонија (НБРМ) и Министерството за финансии, согласно со препораките во евроинтегративниот процес, интензивно продолжуваат со заедничките напори за натамошно зајакнување на финансиска стабилност во земјава. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange