Connect with us
P2_P_MK_1600x400

НБРМ

Гувернерката на НБРМ и министерот за финансии на Форумот на Централна и Источна Европа на „Еуромани“

Објавено

на

Утре и задутре гувернерката на Народната банка на Република Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, и министерот за финансии, д-р Драган Тевдовски, ќе учествуваат на 24. Форум на Централна и Источна Европа, што го организира „Еуромани“ во Виена, Австрија.

Овој форум  е еден од водечките настани од областа на финансиите на кој редовно присуствуваат повеќе од илјада учесници – гувернери на централни банки, министри за финансии, директори на финансиски институции и инвеститори. Традиционално, во дискусиите и анализите на учесниците, вниманието е насочено кон најважните прашања за пазарите во Централна и Источна Европа (ЦИЕ).

Гувернерката Ангеловска-Бежоска ќе биде еден од четирите говорници на првата панел-дискусија посветена на монетарната политика, во чиј фокус ќе бидат импликациите од крајот на квантитативното олеснување во глобални рамки, дивергенцијата на каматните стапки во САД и Европа и изгледите за економскиот раст во регионот. Истовремено, високите претставници на повеќе централни банки ќе говорат и за регионалната инфлација и перспективите на девизниот пазар, за импликациите од структурните промени на платните системи, како и за улогата на банките во монетарната политика. Во програмата на Форумот е предвидено оваа панел-дискусија да следи по воведното обраќање на гувернерот на Австриската централна банка и член на Советот на гувернери на Европската централна банка, д-р Евалд Новотни.

Во рамки на Форумот ќе се дискутира и за други прашања важни за економиите во ЦИЕ, при што внимание ќе им биде посветено и на иновациите во банкарството и на прашањата сврзани со иднината на банкарските системи. Одделно ќе се говори и за актуелните состојби на релација пазари на капитал – корпорации – банкарски систем, влијанието на нефункционалните кредити во регионални и глобални рамки и програмите за одржување на стабилноста на регионалните банкарски системи. Според програмата, на Форумот ќе бидат опфатени и прашања за економскиот раст во ЦИЕ и одговорот на монетарната политика, можните влијанија на глобалните трговски војни, новите пазари во Европа и актуелните состојби со пазарите на капитал во ЦИЕ и развојот на пазарот на зелени обврзници. Гувернерката на НБРМ активно ќе се вклучи и во дискусијата за некои од овие прашања.

Овој традиционален форум на „Еуромани“, поради вонсериски големиот број учесници важи за редок настан од таков формат, кој овозможува поврзување на економистите заинтересирани за регионот на ЦИЕ – како на претставници на институциите носители на политики, така и на претставници на банкарскиот сектор, учесници на финансиските пазари и на инвеститори. Во рамки на своето учество, гувернерката Ангеловска-Бежоска ќе оствари повеќе работни состаноци.  

НБРМ

Кредитите и депозитите и натаму бележат раст

Објавено

на

Депозитите и кредитите и натаму бележат раст. Податоците на Народната банка покажуваат дека вкупните депозити оствариле годишно зголемување од 11,1%, додека кредитите за 9%. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска и Тевдовски на Пролетните средби на ММФ и Светската банка во Вашингтон

Објавено

на

Делегација предводена од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии, Драган Тевдовски учествува на Пролетните средби на групацијата на Светскатa банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Вашингтон, САД. Предвидено е делегацијата да оствари средби со високи претставници на ММФ, СБ, Европската инвестициска банка (EИБ) и Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), како и со претставници на други меѓународни финансиски организации и институции. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска на Конференција на Европската комисија: Релативно високиот степен на поврзаност на нашиот финансиски систем со европскиот носи бројни придобивки за нашата економија

Објавено

на

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вчера, во Виена, учествуваше на конференцијата „Гледајќи назад, гледајќи напред“ организирана по повод петнаесетгодишнината од првиот бран на проширување на Европската Унија (ЕУ), кога во неа пристапија единаесет земји од Балтикот, Централна и Југоисточна Европа (ЦЈЕ). Во рамки на панел-дискусијата посветена на финансиската интеграција, Ангеловска-Бежоска особено се осврна на развојот и карактеристиките на финансискиот сектор на земјава. (more…)

Продолжи со читање
project

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange