Connect with us

НБРМ

Гувернерката на НБРМ: ЕБОР може да придонесе во консолидацијата на банкарскиот сектор и во развојот на алтернативните извори за финансирање

Објавено

на

Во текот на вчерашниот ден беше остварена работна средба на гувернерката и вицегувернерите на Народната банка на Република Македонија (НБРМ) со делегацијата на Одборот на директори на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), која е во неколкудневна посета на земјава. Делегацијата е предводена од директорот на ЕБОР за Холандија, Кина, Монголија, Македонија и за Ерменија, Франс Викерс и од директорката на ЕБОР за Полска, Бугарија и за Албанија, Виолета Барвицка-Лофтхаус.

На средбата, акцентот беше ставен на дел од приоритетите кои ќе треба да бидат инкорпорирани во стратегијата на ЕБОР за Република Македонија за претстојниот четиригодишен период. Притоа, како што веќе беше најавено и во разговорот со раководството на НБРМ, фокусот на делегацијата на ЕБОР беше насочен на утврдувањето на клучните области каде што може да се ангажира оваа меѓународна развојна банка во земјава во текот на следните неколку години за да се интензивира деловниот и политичкиот дијалог.

Раководството на НБРМ ги презентира согледувањата и оцените за македонската економија во целина, како и согледувањата и оцените за македонскиот банкарски систем и неговата стабилност. Исто така, одделно внимание им беше посветено и на идеите и можностите за натамошната соработка меѓу двете институции.

„Македонската економија закрепнува, а банкарскиот систем во земјава е стабилен и солвентен. Тој е во кондиција којашто овозможува понатамошна поддршка на економијата“ – истакна гувернерката на НБРМ, д-р Анита Ангеловска-Бежоска. Пред претставниците на ЕБОР, таа посочи и на просторот за понатамошна консолидација на банкарскиот сектор, како и на потребата за развој на останатите сегменти на финансискиот систем и развој на алтернативните извори за финансирање, особено за малите и за средните претпријатија. Токму во овие сегменти се воочи простор за натамошна поголема вклученост на ЕБОР. Воедно, гувернерката Ангеловска-Бежоска се осврна и на новата концепт-стратегија на ЕБОР за Република Македонија, укажувајќи на добро дефинираните приоритети, особено во областа на инфраструктурата и финансискиот сектор, како клучни предуслови за зголемување на конкурентноста и продуктивноста на економијата.

На средбата беше нагласена досегашната успешна соработка на ЕБОР со земјава и подготвеноста на оваа меѓународна финансиска институција за одржување на континуитетот во обезбедувањето поддршка за реформа на приоритетните сегменти. Меѓу другото, беше истакнато и дека постои простор за зајакнување на идната соработка и комуникација меѓу НБРМ и ЕБОР, којашто би вродила со заеднички проекти.

Ваквите посети на делегација на Одборот на директори на ЕБОР се редовни и се одвиваат на секои две до четири години во секоја земја на работење. Со ваквите посети се овозможува Одборот на директори да биде запознаен со економските и со политичките движења во земјата, како и со тековните и идните проекти во рамки на соработката меѓу земјата и ЕБОР.

Досега ЕБОР има вложено над 1,8 милијарди евра во 113 проекти во Република Македонија, со цел поддршка на интеграцијата на земјава во регионалните и глобалните пазари, преку инвестиции и политички дијалог и особено преку интензивирање на соработката со клучните партнери како Европската Унија и Европската инвестициона банка.

НБРМ

Гувернерката на „Еуромани“: Високото ниво на девизни резерви овозможи Народната банка да делува навремено и смело како одговор на пандемијата

Објавено

на

„Високото ниво на девизните резерви акумулирани во периодот пред пандемијата ѝ овозможи на Народната банка да реагира навремено и смело преку намалување на основната каматна стапка, вбризгување на дополнителна ликвидност во системот и релаксирање на банкарската регулатива. Ова доведе до солидна кредитна поддршка на компаниите и домаќинствата, којашто впрочем и забрза во споредба со минатата година, како и натамошно намалување на каматните стапки до историски најниски нивоа.“ Ова го истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на еден од водечките традиционални финансиски настани ‒ Форумот на Централна и Источна Европа, организиран од „Еуромани“, на панел-сесијата на која учествуваа неколку гувернери од Централна и Југоисточна Европа (ЦИЕ). (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Поставеноста на монетарната политика е соодветна на макроекономските услови

Објавено

на

На 12 јануари 2021 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на којашто беа разгледани движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Конкурс за доделување Годишна награда на Народната банка на Република Северна Македонија за 2021 година

Објавено

на

Врз основа на Одлуката за доделување Годишна награда за млади истражувачи бр. 02-15/III-16/2011 од 31 март 2011 година и О. бр. 02-15/VIII -7/2014 од 31 јули 2014 година, а согласно со Правилникот за начинот, постапката и условите за избор на најдобар труд и доделување Годишна награда за млади истражувачи бр. 2927 од 13 април 2011 година,  Пр. бр. 7762 од 20 септември 2012 година, Пр. бр. 28175 од 5 септември 2014 година, Пр. бр. 26412 од 30 јули 2015 година и Пр. бр. 02-14684/11 од 10 јуни 2020 година, Народната банка на Република Северна Македонија објавува

Конкурс за доделување годишна награда
на Народната банка на Република Северна Македонија за 2021 година
(more…)

Продолжи со читање

Популарно