Connect with us

НБРМ

Гувернерката на НБРМ: Долгорочен економски раст преку здрави структурни политики

Објавено

на

„И покрај изразено приспособливата политика во посткризниот период, реалната конвергенција во земјите од регионот на Централна и Југоисточна Европа е забавена, што упатува дека монетарната политика не може да биде супститут за здрави структурни политики коишто се неопходни за зголемување на потенцијалот за долгорочен раст на економиите.“ – истакна гувернерката на Народната банка на Република Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска на панел-дискусијата за улогата на монетарната политика во процесот на реална конвергенција на економиите од Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) кон оние од еврозоната, којашто се одржа во рамки на годинешната Конференција за европска економска интеграција, организирана од Австриската централна банка.

Во своето излагање на панел-дискусијата, гувернерката на НБРМ даде подолгорочен осврт на реалната конвергенција на регионот, потенцирајќи го нејзиното забавување во периодот по глобалната економска и финансиска криза. Притоа, таа посочи на постојаното монетарно олабавување во посткризниот период, укажувајќи на поддршката којашто централните банки ја даваа кон економскиот раст, преку намалување на каматните стапки и преку обезбедување дополнителна ликвидност.

Меѓу другото, гувернерката Ангеловска-Бежоска истакна дека сепак, улогата на монетарната политика, првенствено треба да се однесува на превенција од ранливости во економијата и одржување на ценовната и финансиската стабилност, како неопходни предуслови за побрз раст. Притоа, во своето излагање, таа стави одделен акцент на постепеното исцрпување на просторот за делување на монетарната и фискалната политика и на потребата за постојано спроведување структурни и институционални реформи коишто ќе овозможат побрза и одржлива конвергенција.

Во дебатата со гувернерите на централните банки на Романија и Бугарија, кои исто така учествуваа на панел-дискусијата, бea разгледани искуствата и предизвиците во процесот на реална конвергенција на земјите во регионот. Во овој контекст беше истакната и улогата на монетарната политика, чијшто фокус треба да остане на номиналната конвергенција на економиите, како битен услов за зголемување на потенцијалот на економскиот раст. Притоа, во рамки на дискусијата се говореше за различните искуства на земјите, во зависност од избраната монетарна стратегија, како и за главните предизвици во контекст на започнатиот глобален циклус на раст на каматните стапки. На крајот, акцентот беше ставен на дискусиите околу јавната поддршка во Романија и Бугарија како земји членки на Европската Унија, за усвојување на еврото, што подразбира исполнување повеќе критериуми, вклучително и преземање реформи за усогласување на барањата во доменот на супервизијата и со тоа, истовремено и вклучување на овие земји во механизмот на девизни курсеви и во единствената банкарска унија.

Конференцијата за европска економска интеграција којашто изминативе два дена се одржуваше во Виена, Австрија, е еден од најзначајните традиционални настани во централнобанкарската заедница на коишто се дискутира за прашања клучни за европската економија. Годинешново конференциско издание тематски беше посветено на можноста финансиските текови да ѝ помогнат на Европската Унија во промовирањето економска, социјална и територијална кохезија и солидарност меѓу земјите членки и воопшто во Европа.

Гувернерката на НБРМ, која меѓу говорниците на Конференцијата беше и единствениот висок претставник на институција на земја којашто не е членка на ЕУ, во рамки на своето учество на овој значаен настан, активно се вклучи и во дискусијата за други прашања важни за европската економија, коишто беа отворени во рамки на неколкуте конференциски сесии.

Во Виена, гувернерката Ангеловска-Бежоска оствари и повеќе билатерални средби со гувернери и други високи претставници на неколку централни банки, професори и истражувачи на реномирани универзитети и истражувачки центри, како и со претставници на повеќе меѓународни финансиски институции и организации.

Нејзиното учество на Конференцијата за европска економска интеграција е потврда дека НБРМ не само што успешно чекори по патот до Европскиот систем на централни банки, туку е и активен учесник и двигател во дискусијата за прашања клучни за европската централнобанкарска заедница и економија.

НБРМ

НБРМ: Одржана 31. сесија на Клубот на истражувачи

Објавено

на

На 13 декември 2018 година во Народната банка на Република Македонија се одржа 31. сесија на Клубот на истражувачи на која по поздравното обраќање на гувернерката на НБРМ, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, беа презентирани истражувачките трудови:  „Оценување на ефикасноста на банките во Република Македонија: Непараметарски пристап“ од д-р Катерина Фотова-Чиковиќ и д-р Виолета Цветкоска, професорка на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и „Дезинфлаторните прелевања од земјите во eврозоната кон земјите од Југоисточна Европа“ од м-р Гани Рамадани од НБРМ и Предраг Пандилоски од „Вотсон скул“ при Универзитетот на Пенсилванија. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

НБРМ повторно ја намали основната каматна стапка – сега изнесува 2,50%

Објавено

на

Централна Банка

На 11 декември 2018 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ, на којашто беа разгледани клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

НБРМ: Издадени и пуштени во оптек нови ковани пари за колекционерски цели

Објавено

на

Централна Банка

Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека се издадени и се пуштени во оптек кованите пари за колекционерски цели „Вага“, „Скорпија“ и „Стрелец“ од серијата „Хороскопски знаци“ („Службен весник на Република Македонија“ бр. 128/18 и 170/18). (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange