Connect with us

НБРМ

Гувернерката на НБРМ:„Во последните 10 години, вкупните депозити растат со стапка од околу 8%, во просек, на годишно ниво“

Објавено

на

На свеченоста по повод Светскиот ден на штедењето – 31 Октомври, организирана од Македонската банкарска асоцијација, свое обраќање имаше и гувернерката на Народната банка на Република Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска. Пред присутните, таа се осврна на важноста на штедењето како од аспект на поединецот, така и за целокупниот економски напредок и одржувањето на макрофинансиската стабилност и притоа укажа и на повеќекратната корист за целокупното општество.

„Имајќи ги предвид сите придобивки на штедењето, задоволство ми е што можам да констатирам дека македонските граѓани негуваат култура на штедење во банкарскиот сектор. Во последните 10 години, вкупните депозити  растат со стапка од околу 8%, во просек, на годишно ниво, што придонесе за зголемување на штедењето  за околу 10 процентни поени на нивото од 55% од БДП во 2017 година. Фактот што депозитниот раст беше остварен во услови на глобалната криза и повеќе економски и политички шокови е потврда за високата доверба на граѓаните во банкарскиот сектор, којшто во целиот период остана здрав, стабилен, високо капитализиран и ликвиден, покажувајќи висока способност за успешно справување со шокови. Особено позитивен е посилниот раст на депозитите во домашна валута и забрзувањето на растот на штедењето на долг рок, што го јакне капацитетот на банките за долгорочни пласмани и поддршка на инвестициски проекти. Растот на депозитите обезбеди солидна основа за раст на кредитната активност и продлабочување на финансиското посредување  за околу 8 п.п. во изминатите десетина години до нивото од 48% од БДП во 2017 година.“ – истакна меѓу другото гувернерката Ангеловска-Бежоска.

Таа нагласи и дека и покрај позитивните трендови, видлива е потребата за натамошно зголемување на вкупното домашното штедење, што е впрочем заедничка карактеристика на земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈЕ). Притоа, подетално се осврна и на поврзаноста на нивото на штедење со нивото на поддршка на инвестициите. Укажа и на тоа дека „перспективно гледано, несомнена е потребата од забрзување на инвестициите, што значи несомнена е и потребата за поттикнување на домашното штедење заради намалување на јазот помеѓу домашното штедење и инвестициите.“

Имајќи предвид дека, и покрај позитивните поместувања, стапката на вкупното домашно штедење во македонската економија и натаму е релативно пониска, гувернерката Ангеловска-Бежоска, во своето обраќање апелира дека е неопходен активен придонес од сите засегнати страни. „И ние, како Народна банка, во согласност со надлежностите, и во следниот период ќе продолжиме со поддршката на штедењето преку натамошно одржување на макрофинансиската стабилност и на прудентната регулатива, за одржување здрав и стабилен банкарски сектор, придонесувајќи за одржување на довербата во финансискиот систем којашто е клучен предуслов за домашното штедење.“ – нагласи таа кон крајот на своето обраќање.

На свеченоста се обратија и министерот за финансии во Владата на Република Македонија, д-р Драган Тевдовски и претседателот на Македонската банкарска асоцијација, г. Коста Митровски.

НБРМ

НБРМ во соработка со експерти на ЕЦБ и ЕСЦБ: работилница за управување со податоците за статистички потреби

Објавено

на

Народната банка на Република Македонија, во соработка со експерти од Европската централна банка и Европскиот систем на централни банки, денес организира работилница на тема „Управување со податоците за статистички потреби на централните банки и доверливост на статистичките податоци“. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Излагање на гувернерката на НБРМ на претставувањето на најновиот Регионален економски преглед за Европа на ММФ

Објавено

на

На претставувањето на есенскиот Регионален економски преглед за Европа на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) што се одржа вчера, во Копенхаген, Данска, излагање имаше и гувернерката на Народната банка на Република Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска. Таа и гувернерот на Централната банка на Данска, м-р Пер Калесен, изнесоа свои видувања и оценки за одделни области опфатени со Прегледот, откако за главните наоди и согледби претставени во него, најпрво говореше директорот на Дирекцијата за Европа на ММФ, м-р Пол Томсен. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

НБРМ објави едукативна игра за финансиско едуцирање на младата популација

Објавено

на

Народната банка на Република Македонија ја известува јавноста дека ја објави првата едукативна игра за финансиско едуцирање на младата популација во земјава со наслов „Заработете и штедете“, којашто од денес е достапна за слободно преземање од интернет-страницата на НБРМ, како Windows и Android-апликација. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange