НБРМ
Гувернерката на Народната банка учествуваше на годишниот состанок на Одборот на ЦЕФ, Љубљана


Како член на Одборот, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска учествуваше на годишниот состанок на Одборот на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ). На состанокот којшто се одржа виртуелно, меѓу другото, беше усвоен Стратегискиот план на ЦЕФ за периодот 2022-2026 година. Со планот се дефинираат клучните предизвици на земјите во регионот во постпандемискиот период и соодветно на тоа, и поддршката којашто ќе ја обезбедува ЦЕФ во овој период заради натамошно јакнење на институциите во регионот.
Во рамките на состанокот, гувернерката Ангеловска-Бежоска ја потврди определбата и за натамошна вклученост на Народната банка во активностите на ЦЕФ, што следи по оцената од ЦЕФ дека нашата централна банка се издвојува како одличен пример во регионот, со своите постојани вложувања во знаењата, вештините и потенцијалите на своите вработени, што според нив е показател на доброто корпоративно управување на институцијата. Народната банка искажа подготвеност за повторно пренесување на своите искуства во процесот на постојана едукација на кадарот на финансиските институции од регионот, давајќи со тоа одличен пример за успешна соработка.
Вклученоста во активностите на ЦЕФ е уште една потврда на заложбите за постојано јакнење на институционалните капацитети на Народната банка, преку унапредување на знаењата и вештините на вработените. Но, во исто време, е и потврда на заложбите на нашата централна банка за активно пренесување на искуствата и експертските видувања на другите централнобанкарски институции од регионот, што е и дополнителен придонес за унапредување не само на меѓународната соработка, туку и на централнобанкарските активности на регионално ниво.
НБРМ
Средба Ангеловска-Бежоска ‒ Бомгартнер: Монетарната политика е соодветно поставена да одговори на нагорните инфлациски движења


Заради последните податоци за инфлацијата, којашто и во април забрза, како и заради влијанието на ваквите остварувања врз инфлациските очекувања, Народната банка продолжи со постепеното зголемување на основната камата. Притоа, затегнувањето на монетарната политика е умерено. Ценовната стабилност е неопходен предуслов за поддршка на стабилен и долгорочен економски раст. (more…)
НБРМ
Вицегувернерката Митреска: Се очекува стабилизирање на глобалните цени на храната и енергентите


Шокот што го предизвика војната во Украина врз цените на примарните производи на светските берзи придонесе за поголема нагорна корекција на стапката на инфлацијата и кај нас. Aко очекувавме раст на цените на нафтата од 4% во октомври, сега очекувањата за оваа година се околу 50%, кај храната се очекуваше главно стагнација, а сега двоцифрен раст, посочува вицегувернерката на Народната банка, Ана Митреска, во интервју за „Утрински брифинг“. (more…)
НБРМ
Гувернерката Ангеловска-Бежоска ги презентираше априлските проекции пред дипломатскиот кор и меѓународните организации


Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска денеска ги претстави најновите, априлски, макроекономски проекции на Народната банка, пред меѓународната заедница – дипломатскиот кор и претставниците на меѓународните институции. На настанот присуствуваа претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Обединетите нации (ООН), Програмата за развој на ООН (УНДП), Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Делегацијата на Европската Унија (ЕУ), како и на дипломатските претставништва на Албанија, Унгарија, Словачка, Обединетото Кралство, Бугарија, САД, Холандија, Кина, Австрија, Хрватска, Германија, Словенија, Италија, Франција, Србија, Швајцарија, Шпанија и Косово. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 1 month
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 2 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 1 month
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 3 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје