Connect with us

НБРМ

Гувернерката на Народната банка и министерката за финансии на Форумот на Централна и Источна Европа на „Еуромани“

Објавено

на

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерката за финансии, Нина Ангеловска, ќе учествуваат на еден од водечките традиционални настани од областа на финансиите – Форумот на Централна и Источна Европа, што го организира „Еуромани“ во Виена, Австрија. На овој настан, редовно присуствуваат повеќе од илјада учесници – гувернери на централни банки, министри за финансии, раководители на финансиски институции и инвеститори. Во дискусиите и анализите на учесниците, секоја година, вниманието е насочено кон најважните прашања за финансиските пазари и воопшто за економиите во Централна и Источна Европа (ЦИЕ).

Ангеловска-Бежоска ќе биде говорничка на првата панел-дискусија посветена на монетарната политика, во чиј фокус ќе бидат предизвиците за глобалната економија и економиите на ЦИЕ оваа година, во контекст на поставеноста на монетарната политика и очекуваните движења на финансиските пазари. Предвидено е да се разговара и за приоритетите во унапредувањето на супервизијата на банкарските системи во регионот и во активностите за намалување на готовината во економиите.

Во рамки на Форумот ќе се разгледаат и други прашања важни за економиите во ЦИЕ, при што ќе им биде посветено внимание и на принципите во управувањето со ризиците во банкарското работење, како и на развојот на финтек-секторот и предизвиците коишто тој ги носи со себе, од една страна за платните системи, а од друга страна и за банкарскиот сектор. Ангеловска-Бежоска активно ќе се вклучи и во дискусијата за некои од овие прашања.

Овој традиционален форум на „Еуромани“, поради големиот број учесници, важи за редок настан од таков формат којшто овозможува поврзување на економистите заинтересирани за регионот на ЦИЕ – како на претставниците на институциите што донесуваат политики, така и на претставниците на банкарскиот сектор, учесниците на финансиските пазари и на инвеститорите. Во рамки на своето учество, гувернерката Ангеловска-Бежоска ќе оствари и повеќе работни состаноци.

НБРМ

Ангеловска-Бежоска за СБС: Девизните дознаки од иселениците важни за македонската економија

Објавено

на

Девизните дознаки од иселениците и лицата на привремена работа во странство се важни за македонската економија, оценува гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска во интервјуа за австралиското радио СБС и за е-магазинот „Анторис“. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Значително намалена побарувачката за кредити кај граѓаните, но и кај фирмите во вториот квартал

Објавено

на

Во второто тримесечје на 2020 година, во екот на пандемијата со коронавирусот во земјава, банките укажуваат на значително нето-намалување на побарувачката на вкупните кредити на секторот „домаќинства“, наспроти малото нето-зголемување во претходната анкета, покажува најновата анкета на Народната банка за кредитната активност за вториот квартал односно за периодот од април-јуни 2020 година. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Како изгледаше објектот на Народната банка пред катастрофалниот земјотрес во 1963 година!?

Објавено

на

Објектот во кој работеше централата на Народната банка беше еден од најубавите и најголемите згради во тоа време, лоциран во срцето на градот. (more…)

Продолжи со читање

Популарно