Connect with us

НБРМ

Гувернерката на „Еуромани“: Високото ниво на девизни резерви овозможи Народната банка да делува навремено и смело како одговор на пандемијата

Објавено

на

„Високото ниво на девизните резерви акумулирани во периодот пред пандемијата ѝ овозможи на Народната банка да реагира навремено и смело преку намалување на основната каматна стапка, вбризгување на дополнителна ликвидност во системот и релаксирање на банкарската регулатива. Ова доведе до солидна кредитна поддршка на компаниите и домаќинствата, којашто впрочем и забрза во споредба со минатата година, како и натамошно намалување на каматните стапки до историски најниски нивоа.“ Ова го истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на еден од водечките традиционални финансиски настани ‒ Форумот на Централна и Источна Европа, организиран од „Еуромани“, на панел-сесијата на која учествуваа неколку гувернери од Централна и Југоисточна Европа (ЦИЕ).

Во овој контекст, таа исто така истакна дека за водењето релаксирана монетарна политика придонесува и репо-линијата во вредност од 400 милиони евра, којашто на барање на Народната банка за првпат ја одобри Европската централна банка. Ваквиот инструмент е особено важен бидејќи овозможува брз пристап до девизна ликвидност, а во услови на висока неизвесност и на евентуални можни поголеми нарушувања на меѓународните пазари заради шокот од ковид-19.

Таа исто така говореше и за улогата и мандатот на централните банки. Притоа истакна дека, врз основа на искуството од глобалната економска криза во меѓународни рамки, се преиспитуваат некои од традиционалните погледи во однос на целите, стратегиите и инструментите на централните банки. За ова придонесуваат и структурните промени во економиите коишто произлегуваат од пандемијата. Она што, според неа, суштински се менува е однесувањето на домаќинствата и бизнисите, а воедно постои и потенцијално забавување на процесот на глобализација, како и забрзување на дигитализацијата на економиите. Сето тоа наметнува потреба од преоценување на врските во економијата и на трансмисискиот механизам на монетарната политика, заради соодветно приспособување на инструментите и на политиките.

На Форумот беа опфатени и други прашања важни за економиите на ЦИЕ, со посебно внимание на влијанието на пандемијата врз иднината на овие економии. На настанот редовно присуствуваат голем број учесници: гувернери на централни банки, министри за финансии, раководители на финансиски институции и инвеститори, кои разговараат за главните предизвици на носителите на политиките и економиите во Централна и Источна Европа, а оваа година со посебен осврт на предизвиците коишто произлегуваат од пандемијата. Со оглед на големиот број учесници, овој традиционален форум организиран од „Еуромани“ се смета за редок настан од овој тип на којшто водечките експерти од финансиските пазари и носителите на политиките имаат можност да дебатираат и да ја анализираат економската иднина на регионот од ЦИЕ. За време на Форумот на ЦИЕ, гувернерката, Анита Ангеловска-Бежовска, придружувана од останатите членови на Народната банка, одржа виртуелен состанок со претставници од другите водечки финансиски институции.

НБРМ

14. конференција за плаќањата и платежната инфраструктура: Дигиталната трансформација дава просперитетна иднина на нови иновативни методи на плаќања

Објавено

на

„Процесот на дигитална трансформација на финансиската индустрија, којшто се одвива повеќе години, значително забрза заради пандемијата. Плаќањата сè повеќе стануваат безготовински. Според Светската банка, во глобални рамки, две третини од возрасното население врши дигитални плаќања, притоа 95% во развиените економии, а 57% во економиите во развој. Трендот на сè поголема дигитализација е присутен и кај нас, поточно 74% од возрасните вршат дигитални плаќања. Анкетата на Народната банка покажува дека нашиот банкарски систем посветува сè поголемо внимание на инвестирањето во нови технологии и обезбедувањето нови начини на плаќање“, посочи гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска на отворањето на Конференцијата за плаќањата и пазарна инфраструктура којашто започна денеска во виртуелен формат. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Утре започнува 14. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура

Објавено

на

Народната банка на Република Северна Македонија и Централната банка на Холандија по четиринаесетти пат ја организираат Конференцијата за плаќањата и пазарната инфраструктура, со што продолжува традицијата за отворена и плодна дискусија за предизвиците и можностите коишто ги носи глобалниот бран на дигитализацијата за финансиските услуги. Годинава, 14. конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура на тема: „Просперитетна иднина на дигиталните плаќања“, ќе се одржи во виртуелен формат, на 4 и 5 октомври 2022 година. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска: Централните банки се фокусирани на одржување на ценовната стабилност

Објавено

на

„Во услови на изразени инфлациски притисоци централните банки мора да останат фокусирани на својата примарна цел, а тоа е среднорочната ценовна стабилност, што без никакво сомневање бара нормализирање на монетарната политика. Секако, при нормализирањето на монетарната политика централните банки водат сметка за ефектите врз економскиот раст и стабилноста на финансискиот систем“ – беше посочено од гувернерката на Народната банка на Република Северна Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска, која присуствуваше на Самитот на министри за финансии, гувернери на централни банки и директори на даночни управи, насловен „Финансиска и монетарна стабилност на регионот во услови на изразени геополитички ризици“, кој се одржа во Црна Гора. (more…)

Продолжи со читање

Популарно