Connect with us

НБРМ

Гувернерката на „Ерсте инвесторс брекфаст“: Структурните и институционалните реформи можат да овозможат побрз и одржлив економски раст во регионот

Објавено

на

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, ја одржа првата стручна презентација на годинешното издание на конференцијата „Ерсте инвесторс брекфаст“, којашто традиционално ја организираат „Ерсте банка“ и „Шпаркасе банка Македонија“. Во презентацијата, таа се осврна на улогата на монетарната политика во процесот на реална конвергенција на економиите од Централна, Источна и Југоисточна Европа, вклучително и на нашата економија.

Mеѓу другото, Ангеловска-Бежоска посочи дека во периодот по глобалната финансиска криза, централните банки во сите земји од регионот, вклучително и нашата, преку својата експанзивна политика дадоа значаен придонес за забрзување на растот и конвергенцијата на економиите. Како што истакна таа, намалувањето на основните каматни стапки и обезбедувањето дополнителна ликвидност придонесоа за олеснување на условите за кредитирање, а со тоа и за овозможување полесен пристап до финансирање. Според гувернерката, ова приспособување на монетарните политики, особено во земјите со фиксен курс, делумно беше  овозможено од релаксираната политика на Европската централна банка (ЕЦБ), со која според очекувањата би се продолжило во понатамошниот период.

„Сепак, просторот за директна поддршка на економскиот раст преку монетарната политика во регионот е стеснет, во услови на веќе ниски каматни стапки и стеснет распон на каматните стапки во однос на каматата на ЕЦБ, но и во услови на зголемена глобална неизвесност.“ – нагласи Ангеловска-Бежоска. Во завршницата на презентацијата, таа укажа дека за остварување на потребното забрзување на реалната конвергенција, неопходно е во натамошниот период фокусот да се стави на структурните и институционалните реформи што ќе овозможат побрз и одржлив раст на економиите од регионот.

Инаку, на годинешното, седмо по ред издание на конференцијата „Ерсте инвесторс брекфаст“ воведни излагања имаа министерката за финансии, Нина Ангеловска и претседателот на Управниот одбор на „Шпаркасе банка Македонија“, Глигор Бишев. На настанот учествуваа аналитичари и експерти од Групацијата Ерсте и Шпаркасе, како и експерти и аналитичари од домашниот финансиски сектор и претставници на финансиските регулатори. Тие, преку презентациите и во рамки на дискусиите ги изнесоа своите анализи и оцени за актуелните трендови во финансиската сфера на глобално и на регионално ниво, при што посебно се осврнаа на нашата економија.

НБРМ

Ангеловска-Бежоска на Програмата за бизнис-лидери: Со поголема транспарентост до поголема ефективност на монетарната политика

Објавено

на

Комуникацијата на централните банки е важна не само поради транспарентноста и одговорноста, туку и за задржување на кредибилитетoт, од кој зависи успешното спроведување на монетарната политика. Колку подобро се разбрани одлуките и мерките, толку економските субјекти ќе се однесуваат на очекуваниот начин и полесно ќе се постигне целта на централните банки, посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на предавањето коешто го одржа во рамките на Програмата за бизнис-лидери, организирана од Стопанската комора. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Потпишан меморандум за соработка помеѓу НБ и МАПАС − поголема ефикасност во одржувањето на финансиската стабилност

Објавено

на

Со зајакнувањето на соработката помеѓу Народната банка и Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) се придонесува кон поголема ефикасност на регулаторите во анализата и оценувањето на финансиската стабилност. Ова беше истакнато на денешната средба помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и претседателот на Советот на експерти на МАПАС, Максуд Али, при потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу двете институции. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Ангеловска-Бежоска на Форумот на „Еуромани“: Глобализацијата, дигитализацијата и другите структурни промени во економиите ќе влијаат на новата постпандемична улога на централните банки

Објавено

на

На панел-дискусијата на „Еуромани“ на која учествуваа гувернери од регионот на Централна и Југоисточна Европа, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска истакна дека во изминатата декада значително се зголемени одговорноста и задачите на централните банки, а пандемијата веројатно ќе предизвика и натамошни промени. (more…)

Продолжи со читање

Популарно