Connect with us

НБРМ

Гувернерката и министерката за финансии одржаа средба со претставници на финансиските друштва

Објавено

на

Вчера, во Народната банка се одржа прва заедничка средба на гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и министерката за финансии Нина Ангеловска со претставници на Здружението на финансиски организации при Стопанската комора на Македонија и на Асоцијацијата на финансиски друштва.

На средбата акцентот беше ставен на состојбите, движењата и трендовите во секторот на финансиските друштва, кој претставува мал, но динамичен сегмент од финансискиот систем. Одделно беше разговарано и за предизвиците коишто со себе ги носи развојот на финансиската технологија и областите во коишто треба да се очекува нејзина примена и кај нас во натамошниот период.

Соговорниците се осврнаа и на неодамна донесените измени на Одлуката за методологијата за пресметување годишна стапка на вкупните трошоци, со којашто се пропишува начинот на пресметување на СВТ на одобрените потрошувачки кредити од страна на сите кредитори, вклучително и финансиските друштва. Притоа беше појаснето дека со измените се прецизира листата на трошоци коишто не се вклучуваат во пресметката на СВТ. Имено, од оваа листа се исклучуваат трошоците за осигурување или гарантирање на кредитот, коишто не претставуваат задолжителни дополнителни услуги, како и останатите трошоци коишто не се директно поврзани и со кои не е условено одобрувањето на кредитот. Со направените измени во регулативата се очекува дека ќе се обезбеди уште поголема транспарентност во формирањето на цените на потрошувачките кредити и дека на кредитобарателите ќе им биде навремено достапна поцелосна информација за вкупните трошоци коишто ќе ги имаат на годишно ниво.

Во завршницата на средбата беше искажана желба заедничката комуникација на двете институции со Здружението и Асоцијацијата да продолжи, со цел континуирано информирање за состојбите, трендовите и новостите во секторот на финансиските друштва. Гувернерката на Народната банка и министерката за финансии оценија дека таквата заедничка комуникација може да биде особено значајна и корисна во согледувањето на натамошните предизвици на нашиот финансиски систем и за оцената на неговата стабилност.

НБРМ

Продолжува трендот на намалување на каматните стапки на кредитите

Објавено

на

Каматната стапка на кредитите во мај просечно изнесува 4,83 отсто и претставува продолжување на трендот на намалување од 0,03 процентни поени на месечно и 0,37 процентни поени, покажуваат објавените податоци на Народната банка. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народната банка го објави конкурсот за Годишната награда за млади истражувачи за 2021 година

Објавено

на

Народната банка го објави конкурсот за Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2021 година. Наградата се доделува заради поттикнување на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи, како и афирмација на млади и стручни кадри. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

ММФ: Стабилниот денар е клучно сидро на макроекономските политики

Објавено

на

Режимот на де факто фиксен девизен курс на денарот во однос на еврото е нешто што е корисно за земјата веќе неколку децении, претставувајќи клучно сидро на макроекономските политики. Знаеме дека НБРСМ останува силно посветена на одржување на стабилноста на девизниот курс. (more…)

Продолжи со читање

Популарно