НБРМ
Гувернерката Ангеловска-Бежоска по повод Светскиот ден на штедењето: Стабилноста на финансискиот систем е поттик за раст на депозитите

„Домашното штедење е особено значајно за малите економии со пониско ниво на доход бидејќи од штедењето зависат инвестициите, а без инвестиции со кои се зголемува долгорочниот потенцијал за раст не е можно достигнување повисоки нивоа на доход. Впрочем, една од клучните причини за побавниот економски раст и забавената конвергенција во регионот во декадата пред пандемијата се токму помалите инвестиции, во услови на намалено домашно штедење и намален прилив на странски капитал“ – посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на традиционалниот настан којшто го организира Македонската банкарска асоцијација (МБА), по повод Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври.
Таа се осврна и на најновите предизвици коишто имаат влијание врз вкупното штедење во економиите и неговата структура. „По декада од ниска инфлација и исклучително ниски каматни стапки, оваа година глобалниот амбиент ненадејно се промени. Инфлацијата значително забрза достигнувајќи историски високи нивоа, а одговорот на ова е синхронизираниот циклус на затегнување на монетарните политики. Ова во основа доведува до отежнат пристап и значително повисока цена на странските извори на финансирање, а за сметка на тоа го насочува вниманието кон домашните пазари, односно кон домашното штедење“, беше наведено во излагањето.
Во однос на трендовите на штедењето кај нас, гувернерката посочи дека пандемијата предизвикана од вирусот ковид-19, енергетската криза и тековната војна во Украина се шокови коишто, меѓу другото, имаа неповолно влијание врз штедењето. Сепак, таа укажа дека и покрај продолжената криза, депозитите и годинава растат, што главно се должи на растот кај секторот домаќинствата. Воедно, беше истакнато дека во последниот период има знаци на зголемување на придонесот на денарските депозити и на долгорочните депозити кон растот на вкупните депозити на домаќинствата. Тоа покажува дека мерките преземени од страна на Народната банка за одржување на стабилноста, како и целните мерки за поддршка на денаризацијата имаат ефекти врз штедењето.
„Придонес кон ваквите позитивни движења има и понудата на деловните банки на нови депозитни производи со попривлечни каматни стапки, како и одржаната финансиска стабилност, при што се увидува добра капитализираност на банкарскиот сектор, со традиционално добра ликвидносна позиција и намалено учество на нефункционалните кредити под претпандемичното ниво“, рече гувернерката.
Гувернерката во своето обраќање се осврна и на важноста на финансиската едукација, со која Народната банка се заложува за јакнење на финансиската писменост на населението во земјава, заради правилно разбирање на финансиските концепти во време на сè поголема дигитализација и нови финансиски услуги и веродостојно информирање при носењето на финансиските одлуки. За таа цел, се донесе и првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија, којашто е темел за координирано дејствување на финансиските регулатори и останатите општествени чинители во доменот на подигнување на финансиската писменост на граѓаните, како фактор којшто придонесува за стабилноста на постојните, но и за поттикнување нови заштеди.
На настанот по повод Светскиот ден на штедењето, се обратија и министерот за финансии, Фатмир Бесими, претседателката на МБА, Маја Стевкова-Штериева, како и директорот на Фондот за осигурување на депозити, Амир Шабани.
НБРМ
Вицегувернерката Нацевска: Со новиот Закон за платежни услуги се зајакнува заштитата на правата на потрошувачите

„Со новиот Закон за платежни услуги и платни системи, чија примена започна од почетокот на годината, се зголемува заштитата на правата на корисниците на платежни услуги. Давателите на платежни услуги се обврзуваат да ги уредат правата и обврските на потрошувачите со рамковен договор во стандардизирана форма, пред чие склучување се должни да им достават информативен документ за надоместоците, како и најмалку еднаш годишно да им доставуваат извештај за наплатените надоместоци. Давателите ќе имаат и обврска на редовна основа да доставуваат до Народната банка податоци за висината на надоместоците за најрепрезентативните услуги поврзани со платежната сметка, коишто на граѓаните ќе им бидат достапни на споредбена основа преку интернет-страницата на Народната банка. Се предвидува и дополнителна заштита во делот на неавторизирани трансакции“, посочува вицегувернерката Емилија Нацевска, во интервју за МИА. (more…)
НБРМ
Потреба од ажурирање на податоците на граѓаните во банкарскиот сектор

Комерцијалните банки, согласно постојната законска регулатива од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, Законот за заштита на лични податоци, како и подзаконската регулатива, треба редовно да ги ажурираат личните податоци на клиентите. Во современи услови на сѐ позачестено користење на услугите на електронско и мобилно банкарство, согласно законските одредби за заштита на личните податоци и безбедноста на плаќањата, неопходно е банките да одржуваат редовна комуникација со клиентите, заради безбедно извршување на услугите и заштита на корисниците на финансиски производи и услуги. (more…)
НБРМ
Ангеловска-Бежоска ‒ Агелер: Расте поддршката на банкарскиот сектор за инвестиции во обновливи извори на енергија

Најновите податоци за кредитната активност на банкарскиот систем укажуваат на солидна кредитна поддршка на корпоративниот сектор (11,5% во декември), при солиден раст на кредитите за инвестиции во обновливи извори на енергија. (more…)
- Анализипред 5 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје