Connect with us

НБРМ

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Пролетните средби на ММФ и СБ

Објавено

на

Делегација предводена од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии, Фатмир Бесими, учествува на Пролетните средби на групацијата на Светскатa банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Вашингтон, САД. Предвидено е делегацијата да оствари средби со високи претставници на ММФ, СБ и Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), како и со претставници на други меѓународни финансиски организации и институции.

Во рамките на Средбите се закажани одделни состаноци на делегацијата со директорот на ММФ за Европа, Алфред Камер, со извршниот директор на ММФ, Пол Хиберс и алтернативниот извршен директор, Лук Дресе, како и со шефицата на мисијата на ММФ, Бергљот Баркбу. Во центарот на вниманието на состаноците со високите претставници на ММФ ќе бидат монетарната политика и економските состојби во земјава. Гувернерката има закажано и одделни состаноци со директорот на Одделот за статистика, Луј Марк Душарм, директорката на Правниот оддел, Рода Викс-Браун и со заменик-директорот на Одделот за монетарни и капитални пазари, Кристофер Ерцег, на кои ќе се разгледаат резултатите од тековната соработка помеѓу Народната банка и ММФ.

Предвидено е делегацијата да оствари состаноци и со претставници на Светската банка,  заменик-претседателот на СБ за Европа и Централна Азија, Ана Бјерде, како и со извршниот директор на СБ за Конституенцата во која членува нашава земја, Кун Давидсе. Исто така, предвидена е средба и со потпретседателката на ИФЦ, Георгина Бејкер.

Пролетните средби на ММФ и СБ се одржуваат секоја година и на нив учествуваат гувернерите на централните банки и министрите за финансии на земјите членки. Средбите се место каде што носителите на политиките разговараат за актуелните случувања во светската економија, вклучително и за премостувањето на предизвиците, како економската криза предизвикана од пандемијата, тековната ценовна криза, последиците врз светската економија од војната во Украина итн. Целта на овие средби се заеднички политики и решенија кон поттикнување на економскиот раст, намалувањето на сиромаштијата и промовирањето одржлив и инклузивен економски развој.

НБРМ

Давидовска-Стојанова: Зголемувањето на каматните стапки од страна на централните банки ќе делува на ублажување на ценовниот раст

Објавено

на

Зголемувањето на каматните стапки од страна на голем дел од централните банки ширум светот ќе делува на ублажување на ценовниот раст и спречување очекувања за раст на инфлацијата. Меѓународните институции очекуваат стабилизирање во следниот период, а потоа и намалување на цените на примарните производи, што ќе делува смирувачки и на глобалните и на домашните притисоци. Народната банка исто така реагираше кај основната камата, а донесе и низа мерки за зголемување на денаризацијата и поттикнување на штедењето во домашна валута, посочува во интервјуто за „Пари.мк” директорката на Дирекцијата за монетарна политика и истражување при Народната банка, Билјана Давидовска-Стојанова. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народната банка го објави Поимникот на термини од областа на банкарското и централнобанкарското работење

Објавено

на

Во рамки на активностите за финансиска едукација, Народната банка изработи Поимник на термини од областа на банкарското и централнобанкарското работење. Со Поимникот е објаснето значењето на околу стотина стручни термини, на едноставен јазик, разбирлив за широката јавност. Поимникот, е достапен на следнава врска: https://www.nbrm.mk/poimnik.nspx (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народната банка ја задржа основната каматна стапка непроменета, на нивото од 2,50%

Објавено

на

На 9 август  2022 година се одржа редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка. На седницата беа разгледани најновите податоци и информации за домашната и за глобалната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари. (more…)

Продолжи со читање


Популарно