Connect with us

НБРМ

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на конференција на Централната банка на Полска посветена на конвергенцијата во ЈИЕ

Објавено

на

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска го водеше еден од трите панели на Конференцијата на  централната банка на Полска, а останатите два панели ги водеа Гувернерот на Централна банка на Австрија и Гувернерот на Централната банка на Литванија. Конференцијата беше посветена на процесот на конвергенција во регионот на Централна и Југоисточна Европа.

„Без сомнение во последните три децении има голем напредок во трансформацијата на економиите на земјите од Централна и Југоисточна Европа и во нивната конвергенција кон напредните економии на ЕУ, при што брзината варира помеѓу различни земји и во различни периоди. Сепак, најмал е прогресот на регионот на Западен Балкан каде доходот во однос на просечниот доход во ЕУ-15 во просек сеуште е помал од 40%“ истакна гувернерката Ангеловска-Бежоска отворајќи ја како модератор панел-дискусијата.

„Во периодот пред пандемијата се забележа забавување на конвергенцијата, а ризиците за натамошно забавување се нагласени од шоковите со кои тековно се соочуваме“ истакна Гувернерката додавајќи дека пандемијата и другите шокови кои следеа, ги погодија сите економии, но не со еднаков интензитет поради различните структури и разлики во реакциите на политиките. Со тоа дополнително се нагласува ризикот од понатамошно разидување наместо конвергенција, т.е. ризик од зголемување на јазот во економскиот просперитет.  Овој ризик е уште повеќе изразен кај земјите кои не се членки на Европската Унија бидејќи тие немаат пристап до фондовите на ЕУ кои се наменети за тоа (на пример Фондот за заздравување од пандемијата со кој се финансираат инвестиции и структурни реформи). Забавување на конвергенцијата е резултат и на циклични, но и на структурни фактори што се согласува и преку намалениот потенција за раст на регионот. Намалениот потенцијал за раст се објаснува преку трите долгорочни фактори за раст: човечкиот капитал, физичкиот капитал и продуктивноста.

Говорејќи за работната сила на населението во државите, гувернерката Ангеловска-Бежоска истакна дека регионот се соочува со пад на стапката на работоспособно население што е одраз на неповолните демографски трендови, но и на иселувањето. Со оглед на проценките дека во некои земји околу 1/3 од емиграцијата се лица со висока квалификација, овие трендови негативно влијаат не само на обемот, туку и на квалитетот на работната сила. Оттаму, структурните реформи се клучни за подигнување на потенцијалот за раст и побрзо доближување до доходот на развиените економии во ЕУ.

За перспективите за континуирана конвергенција во Централна Европа, за стареењето на населението и растечките трошоци за работна сила, за економските модели на раст и финансиските системи кои се значајна поддршка за поттикнување на економскиот раст, како и за дизајнирањето на соодветни макроекономски политики во услови на висока неизвесност на панел-дискусијата разговараа Корнел Бан, вонреден професор по меѓународна политичка економија при Копенхаген школата за бизнис, Дејвид Марш, претседател на Официјалниот форум на монетарни и финансиски институции (ОМФИФ) и Рајнер Мартин, директор на Одделот за истражување при Народната банка на Словенија.

НБРМ

Ангеловска-Бежоска на започнувањето на втората фаза од проектот со ИНФЕ-ОЕЦД и МФ на Холандија: Преку финансиска едукација до ползување на придобивките од финтек-секторот

Објавено

на

Гувернерката Ангеловска-Бежоска, на покана на министерката за финансии на Холандија и ОЕЦД, учествуваше на настан посветен на финансиската едукација. Средбата истовремено го означи и почетокот на втората фаза на проектот финансиран од холандското министерство за финансии и ИНФЕ-ОЕЦД, насочен кон поддршка на финансиската писменост и инклузија во регионот на ЦЈЕ. Средбата ја отвори потпретседателката на Владата на Холандија и министерка за финансии, Сигрид Кааг, со обраќање кон присутните. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Митреска на настан на ЕБОР за младите претприемачи: Посилната вклученост на младите во бизнисот го зголемува потенцијалот на економијата

Објавено

на

„Народната банка особено ги цени, ги вреднува и ги поддржува иницијативите коишто ја поткрепуваат посилната вклученост на младите во целокупното општество. Спојувањето на финансиите и знаењето се важни за поттикнување на младите во бизнисот, искористувањето на нивниот потенцијал и потенцијалот на економијата во целина“,  истакна вицегувернерката на Народната банка, Aна Митреска на настан во организација на Европската банка за обнова и развој, на кој се презентираа наоди од процената на пазарот спроведена во рамките на програмата на ЕБОР „Младите во бизнисот“. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Главната економистка на Народната банка: Финансиската писменост е потреба во современиот динамичен финансиски систем

Објавено

на

„Со активностите предвидени во рамките на Деновите на финансиската писменост, Народната банка дава натамошен придонес исполнувајќи ја потребата за финансиска едукација во современиот динамичен финансиски систем. Сведоци сме на разновидна понуда на финансиски услуги, под различни услови, преку различни канали. Дигиталните финансиски услуги носат многу предности за корисниците, но наметнуваат потреба од дополнителни знаења и нѐ соочуваат со нови предизвици и ризици. Неопходно е постојано надградување на знаењата, не само во врска со тоа како да се користат финансиските услуги, туку и како да се заштитат правата на граѓаните како потрошувачи. Како што се менува финансискиот систем, така расте потребата од нови знаења за соодветно управување со личните финансии“, истакна главниот економист на Народната банка, Анета Крстевска при гостување во програмата на Македонското радио. Говорејќи за одбележувањето на Деновите на финансиската писменост, за што Народната банка предвиде онлајн предавања во следните три дена, Крстевска посочи: „Подигнувањето на нивото на финансиската писменост е една од стратегиските цели на Народната банка. Во рамките на овие денови, Народната банка, како општествено одговорна институција, нуди можност за стекнување и подобрување на знаењата на населението од оваа област.“

Во интервјуто, главната економистка на Народната банка посочи дека заложбите за подобрување на финансиската писменост се и одговор на потребите на населението, коешто во нашата земја, во согласност со спроведената анкета, остварува 56% од максимумот при оценувањето на трите компоненти коишто се составен дел од финансиската писменост: финансиско знаење, финансиско однесување и финансиски ставови. Овој показател е блиску до просекот за ЈИЕ (58%), но понизок во однос на напредните економии на ОЕЦД од 66%. Податоците се резултат на спроведената анкета на Меѓународната мрежа за финансиска едукација ИНФЕ при ОЕЦД во 2019 година со која се изврши мерење на финансиската писменост на населението во нашата земја во рамките на регионалниот проект за финансиска едукација поддржан од Министерството за финансии на Холандија и ИНФЕ-ОЕЦД.

Деновите на финансиската писменост се одбележуваат по седми пат. Годинава се предвидени обуки за повеќе теми коишто опфаќаат знаења за монетарната политика, за избор на кредит, за новините на новиот Закон за платежни услуги и платни системи, за структурата на финансискиот систем и движењата во банкарскиот систем. Презентациите се наменети за сите заинтересирани граѓани, слушатели со основно и со понапредно ниво на знаења. Оваа година се предвидени и две наменски предавања за средношколците, во пресрет на нивниот интерес за финансиска едукација, како дополнение на досегашната можност што ја имаат училиштата за поднесување барање за предавање. Учеството во обуките се обезбедува преку електронско пријавување на секое заинтересирано лице. Повеќе информации за предвидените обука може да најдете на следнава врска.

Продолжи со читање

Популарно