Connect with us

НБРМ

Гувернерката Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии Тевдовски на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка

Објавено

на

Делегација предводена од гувернерката на Народната банка на Република Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии, д-р Драган Тевдовски учествува на редовните Годишни средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка во Индонезија.

Предвидено е делегацијата да оствари средби со високи претставници од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и групацијата на Светската банка (СБ). Во рамки на средбите се закажани состаноци со извршниот директор на СБ, г. Френк Хемскирк, директорката за Југоисточна Европа на СБ, г-а Линда ван Гелдер, потпретседателот на Светската банка, г. Сирил Мулер, извршниот директор на ММФ, г. Ентони де Ланој, директорот на Дирекцијата за Европа на ММФ, г. Пол Томсен, потпретседателите на ИФЦ, г-а Џорџина Бејкер и г. Вибке Шломер, менаџерски тимови од инвестициски фондови и банки, како и со други високи претставници.

Годишните средби на ММФ и Светската банка се одржуваат секоја година. На настанот учествуваат министри за финансии и гувернери на централните банки на земјите членки. Дискусијата е поврзана со актуелните случувања во светската економија и на теми како намалувањето на сиромаштијата и потикнувањето на економскиот раст.

НБРМ

НБРМ: Каматната стапка на благајничките записи останува непроменета на ниво од 2,5 проценти

Објавено

на

Централна Банка

На 15 јануари 2019 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ, на која беа разгледани клучните показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Во НБРМ се одржа конференција на Твининг лајт проектот: „Јакнење на капацитетите на системот за борба против фалсификување евра“

Објавено

на

Во просториите на Народната банка на Република Македонија (НБРМ) се одржа почетната конференција на Твининг лајт проектот: „Јакнење на капацитетите на системот за борба против фалсификување евра“, финансиран од Европската Унија (ЕУ). (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Гувернерката на НБРМ и министерот за финансии на Форумот на Централна и Источна Европа на „Еуромани“

Објавено

на

Утре и задутре гувернерката на Народната банка на Република Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска, и министерот за финансии, д-р Драган Тевдовски, ќе учествуваат на 24. Форум на Централна и Источна Европа, што го организира „Еуромани“ во Виена, Австрија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange